Viber image 2026 01 29 18 34 04

Менторска програма STREAM IT: Развој на комуникациски вештини и личен бренд во науката

Менторската програма за градење капацитети за научна комуникација е во полн ек, а учесниците активно работат на развивање на своите комуникациски вештини и личен бренд. По успешниот старт со воведниот Bootcamp, сегашната фаза ги предизвикува да се фокусираат на самодоверба, самоевалуација и индивидуален професионален развој.

Viber image 2026 01 29 18 34 04

Во моментов, учесниците се вклучени во интензивни интерактивни сесии со нашите ментори, каде што учат како:

  • Објективно да ја проценуваат својата презентација и јавните настапи – преку техники за самоевалуација кои им помагаат да ги препознаат своите силни страни и области за подобрување.
  • Развиваат стратегии за управување со личните ресурси и време – вештини за само-менаџирање кои се клучни за балансирање на истражувачката работа со презентациските способности
  • Изградат свој личен бренд како научници – градејќи препознатливост и кредибилитет што ги издвојува во научната заедница и пошироката јавност.
  • Постават конкретни цели за својот професионален раст – и добијат персонализирани насоки од менторите за нивно остварување.

Секој учесник работи и индивидуално и во група, добивајќи конструктивен фидбек, практични алатки и експертски насоки од искусни ментори кои им помагаат да ги претворат своите идеи и истражувања во јасни, инспиративни пораки.

Овој интензивен развој не само што ги подготвува учесниците за националниот натпревар во научна комуникација во мај 2026 и меѓународниот натпревар во Будимпешта во јуни 2026, туку и ги опремува со вештини кои ќе им служат низ целата кариера: од презентирање на истражувања пред колеги, до комуникација со медиуми и пошироката јавност.

Оваа програма е дел од проектот ST(R)E(A)M IT, кој има за цел да иницира промени во однос на постојаните родови нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите, со што ќе придонесе за спроведувањето на „Европскиот манифест за родово-инклузивно STE(A)M образование и кариери.“ Проектот има за цел да ги надмине бариерите и предизвиците со кои се соочуваат недоволно застапените групи во STEM. Фокусот е на развој на иновативни, родово и диверзитетно инклузивни алатки за едукација на младите, особено на девојчињата. Дополнително, проектот има за цел да ги мобилизира засегнатите страни од различни сектори на STEM образованието и екосистемот за истражување и иновации, за да создаде одржливи мрежи кои ќе обезбедат континуирана поддршка за STEM едукаторите.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!