Mотивациски настан:„Зошто претприемачите се толку посебни?“
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување Ве поканува да земете учество на претстојниот настан за мотивација, инспирација и вмрежување на 13 ноември (понеделник) 2017 со почеток од 18 часот, во Кинотека на Македонија , Скопје (http://www.maccinema.com/)
Настанот е во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија. Ова е третиот од серијата настани од кампањата „И јас сум претприемач“ која има за цел промовирање на младинското претприемништво како платформа за унапредување на мултиетничката соработка помеѓу младите во Македонија, како и за зголемена соработка на младите со сите релевантни чинители од областа на младинското (само)вработување и мултиетничко општество (граѓански организации, институции, органи на централната и локалната власт).
Целта на мотивацискиот настан е да се мотивираат младите да станат претприемачи, да работат на себе и помеѓу себе и да се запознаат со клучните состојки за успех на секој (сегашен и иден) претприемач. На настанот свое обраќање ќе има д-р Лазар Ѓуров, еден од најистакнатите и реномирани обучувачи и консултанти во земјата, а ќе биде презентирано и документарното видео „И јас сум претприемач“ во кое младите претприемачи вклучени во проектот говорат за тоа што нé чека на патот наречен претприемништво.
Агенда
- 18:00 – 18:30 Регистрација на учесници
- 18:30 – 19:10 Зошто претприемачите се толку посебни? – д-р Лазар Ѓуров
- 19:10 – 19:30 Проекција на документарно видео „И јас сум претприемач“
- 19:30 – 20:30 Коктел и вмрежување
Краен рок за пријавување: 09.11.2017
Пријавувањето се врши преку онлајн форма за регистрација достапна на следниот линк: https://goo.gl/ye7XNn.
Контакт лице за дополнителни информации Емилија Митевска, 02 3108 891, emilija.mitevska@mir.org.mk.
За говорникот: д-р Лазар Ѓуров
Лазар секојдневно е ангажиран на обуки, тимбилдинзи, проекти за организациски развој на бројни македонски компании. Основач е и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА. Д-р Лазар Ѓуров е универзитетски професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје по предметите Комуникации и комуникациски вештини и Лидерство и раководење, реализира настава на група на предмети на Бизнис Академијата Смилевски – БАС, автор и коавтор на две книги за лидерство. Лазар е наставник по јога со искуство и во други духовни техники за личен развој.