Pexels Mikael Blomkvist 6476258

Консултативен состанок на тема „Пристојна работа – родов мејнстриминг на јавните политики, легислативата и механизмите на заштита на правата на жените работнички“

Pexels Cottonbro Studio 3205504

Во рамките на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружение на бизнис жени се организира консултативен состанок на тема „Пристојна работа – родов мејнстриминг на јавните политики, легислативата и механизмите на заштита на правата на жените работнички“, на 18.12.2023 година (понеделник) во Хотел Солун. Целта на проектот е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија.

Pexels Pavel Danilyuk 6340634

Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките во рамките на Националната платформа за женско претприемништво, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст. Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување.

Pexels Mikael Blomkvist 6476258

На консултативниот состанок се очекува учество на релевантни чинителите од областа на пристојната работа на работничките (надлежни институции, синдикати, организации на работодавачи, граѓански организации). На состанокот ќе се дискутираат наодите од студијата, а заклучоците ќе служат како основа за кратки документи за јавни политики. 

Заинтересираните лица може да пријавуваат на следниот линк: https://forms.gle/HjuMoihsCAQmkwEh6