Policy Answers 2

 Консултациски состанок за изработка на „Програма за јакнење на капацитетите на јавните институции за спроведување на Агендата на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт“

На 26.07.2022 во Владата на РС Македонија се одржа консултациски состанок за изработка на „Програма за јакнење на капацитетите на јавните институции за спроведување на Агендата на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт“.  На консултациската средба присуствуваа вкупно 12 претставници од 7 јавни институции кои придонесуваат кон остварување на целите на оваа Агенда.

Настанот беше организиран од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување како дел од проектот „POLICY ANSWERS” финансиран во рамки на програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија. Преку спроведување на активностите на овој проект, ФИТР И МИР фондација превземаат водечка улога во унапредување на националниот и регионалниот иновациски екосистем, со цел вклучување на националните чинители во заедничкиот европски пазар.

Повеќе информации за овој проект може да најдете на следниот линк: https://wbc-rti.info/