КОМИНИКЕ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА НА ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ ВО МАКЕДОНИЈА
Завршната конференција: „Жените на работното место: право на достоинствена ра-
бота“, организирана во рамките на проектот „Достојна работа за жени работнички
– социјално учество и зајакнување“ на петти декември 2024 година во Скопје беше
посветена на презентирање на резултатите од проектот и дискутирање на главни-
те предизвици со кои се соочуваат жените во остварувањето на праведни, безбед-
ни и пристојни услови за работа. На конференцијата учествуваа различни засегнати
страни, вклучувајќи носители на одлуки, истражувачи, претставници од граѓанското
општество, работодавачи, синдикати и самите жени работнички. Воедно, учесниците
ја потврдија заедничката посветеност и заложба за унапредување на правата, благо-
состојбата и економската состојба на работничките во сите сектори и плански регио-
ни во земјата.