Profil 6

Интернационални компании бараат компании за соработка

Турска ИТ компанија нуди софтверско решение и услуги за дигитална трансформација во индустријата за железо и челик

Profil 1

BOTR20231025016 Компанијата нуди сопствени ИТ решенија и консултантски услуги од 2008 година, а од 2014 година започнува со развој и имплементација на софтвер за потребите на индустријата за железо и челик. Заинтересирана е за воспоставување силни деловни партнерства и клиенти во Европа. Компанијата ги нуди своите услуги на компании од наведената индустрија. Дополнително, компанијата е заинтересирана за деловна соработка и со партнери-посредници кои можат да ги поврзат со индустриските клиенти и да помогнат во спроведувањето на самите дигитални решенија.

Италијанска старт-ап компанија за својот софтвер за атлетска перформанса има потреба од експертиза од областа на вештачката интелигенција

Profil 2

BRIT20231030014 Италијанска старт-ап фирма развива лесен за користење, моќен софтвер наменет за унапредување на перформансите на спортистите и спречување на појава на повреди преку анализа на движењето базирана на вештачка интелигенција. Компанијата бара експерт/ка од областа на вештачката интелигенција, специјализиран/а за препознавање на слики. Старт-апот бара партнери со експертиза за анализа на движењата и препознавање слики водени од вештачка интелигенција, по можност со претходно искуство во доменот на физиологија или превенција од повреди. Воедно заинтересиран е да стапи во контакт и со компании кои имаат искуство во UX дизајн и апликации со визуелно привлечен дизајн.

Израелска компанија нуди решение за намалување на трошоците на клауд услугите (FinOPs)

Profil 3

BOIL20221109003 Компанијата специјализирана во развој на практики за финансиски менаџмент на клауд услугите (FinOPs) нуди уникатна SaaS платформа базирана на вештачка интелигенција која овозможува намалени трошоци и ефикасно управување на клауд услугите. Заинтересирана е деловна соработка со компании и организации кои нудат консултантски услуги во технолошката индустрија. Од потенцијалните партнери се очекува да имаат голема база на клиенти во различни индустрии кои би биле заинтересирани FinOPs решението да го додадат во нивното портфолио на услуги.

Данска компанија – интегратор на сензори во областа на мониторинг на гас и загадување на воздухот бара партнери и деловни можности

Profil 4

BODK20230615012 Данска развојна консултантска фирма, специјализирана за еколошки и хемиски сензори за гас, интернет на нештата и дигитализација на собирањето податоци, бара партнери на кои им е потребна поддршка за развој на системи за следење на животната средина и гас и интеграција во облак на такви системи, вклучувајќи управување со уреди, контролни табли и визуализација на податоци. Предвидената соработка може да биде во форма на под-договор или договор за заедничко вложување. Компанијата е заинтересирана да соработува со:

  • Партнери на кои би можеле да им бидат добавувач или подизведувачи за давање услуги за сензори
  • Комерцијални партнери кои би можеле да обезбедуваат проекти локално, а данската компанија би го испорачала техничкото решение
  • Универзитети и истражувачки институции кои имаат потреба од сензорска опрема
  • Партнери кои треба да ги документираат и следат нивните еколошки иницијативи во градовите или при други примени
  • Партнери од градежниот сектор кои би сакале да ги следат локациите за градење/рушење и загадувањето што доаѓа од нив
  • Градските совети кои би сакале да го следат нивото на загадување во нивниот град.

Германска компанија бара производители на хемиски суровини поврзани со пазарот на лепила, облоги или полимери врз основа на договор за услуги за дистрибуција

Profil 5

BRDE20230306009 Германска компанија која дејствува како дистрибутер за меѓународни производители на хемиски суровини за индустријата за пластика и лепила бара производители на хемиски суровини кои сакаат да го прошират својот бизнис. Хемиските суровини треба да се однесуваат на пазарот на лепила, облоги или еластомери. Се нуди договор за дистрибутивни услуги. Компанијата бара индустриски партнери кои се способни да обезбедат стабилно снабдување со хемиски суровини. Партнерите треба да бидат подготвени да го развијат германскиот или европскиот пазар со поддршка на трговски посредник. Бараните производи идеално се однесуваат на пазарот на лепила, облоги или еластомери.

Словачка софтверска компанија бара деловни партнери во областа на осигурувањето, финтек, логистика и старт-ап

Profil 6

BRSK20230123009 Словачката компанија е специјализирана за развој на софтверски апликации направени по нарачка и решенија базирани на вештачка интелигенција за осигурителниот, банкарскиот, малопродажниот и правниот сектор, како и за телекомуникациската и логистичката индустрија. Компанијата бара деловен партнер со познавање на секторите на осигурување, финтек, логистика и старт-ап поддршка и кој има контакти со клиенти од овие сектори. Префериран тип на соработка е аутсорсинг, комерцијален договор или договор за добавувач.

Романска компанија за регрутирање на полето на ИТ бара старт-ап и скејл-ап компании за комерцијални и аутсорсинг договори

Profil 7

BORO20220930006 Романската агенција за регрутирање им помага на ИТ организациите (и новоформираните и скали) да го развијат својот бизнис. Главниот фокус на компанијата од Трансилванија е идентификување на потенцијални клиенти, развој на деловни врски и изнаоѓање нови проекти за нивните партнери. Компанијата бара меѓународни партнери според комерцијални и аутсорсинг договори. Соодветни партнери се старт-ап компании, етаблирани компании (како мали и средни претпријатија или големи компании), кои работат во развој на ИТ кои се заинтересирани за професионални решенија за регрутирање, според комерцијални и аутсорсинг договори. Партнерите треба да ги обезбедат сите барања за регрутирање и треба да бидат вклучени во процесот на развој.

Шпанска компанија нуди консултантски услуги од областа на паметното земјоделство според комерцијален договор

Profil 8

BOES20221219019 Шпанските компанија специјализирана во областа на земјоделското инженерство нуди консултантски услуги за органско земјоделство и паметен и одржлив рурален развој (инженерски проекти, рурален развој, регенерација на почвата, репликација на пазарот за иновативни технологии и производи ширум светот). Предвидено е партнерството да има форма на под-договор. Вид на партнер: компании, менаџери на екосистеми, земјоделски задруги и претпријатија кои учествуваат во која било иницијатива во земјоделско-прехранбениот сектор што треба да дизајнираат и управуваат со еколошки земјоделски системи. Пример би биле земјоделските задруги кои се подготвени да се вклучат во земјоделски инвестиции за поголема продуктивност и одржливост.

Данска компанија нуди софтверски решенија за дигитализација на инспекциски надзор при процесот на одржување во производствената индустрија

Profil 9

BODK20221129017 Данска програмерска фирма им помага компаниите од различни производствени индустрии да ги унапредат стратегиите за оперативно одржување. Компанијата нуди специјализирана софтверска платформа што им овозможува на компаниите да имаат целосен преглед, да добиваат ажурирани извештаи за инспекција и да бидат свесни за потребните ажурирања за одржување. Компанијата бара трговски агенти. Идеалниот агент што се бара треба да има позадина и техничко искуство од производството индустрии каде што барањата за инспекции за безбедност и одржување се фокус област. Алтернативно, партнерот може да има искуство на полето на инспекциски услуги со разбирање на потребата од дигитализација. Географски нема дефинирани ограничувања, бидејќи оваа компанија работи на глобално ниво.

Литванска компанија специјализирана за сертификација и консалтинг според EuCertPlast и RecyClass бара партнери за соработка во областа на рециклирање

Profil 10

BOLT20220414005 Литванската консултантска компанија е вклучена во сертификација и консултантски услуги за процеси на рециклирање пластика и производство на производи од/со рециклирани материјали. Компанијата е акредитиран аудитор за EuCertPlast и RecyClass. Бара потенцијални партнери (рециклирачи на пластичен отпад и производители на пластични производи од/со рециклирани материјали), а нуди соработка според комерцијалниот договор. Потенцијални партнери може да бидат и други консултантски компании кои обезбедуваат поврзани услуги за горенаведените компании.

За сите информации поврзани со понудените огласи, обратете се на следните конктакти:

Контакт лице: Емилија Андонова emilija.andonova@mir.org.mk Телефон: +389 (0) 2 3108891