Изразете го Вашето мислење

Повратни информации од македонските МСП

Со поддршка на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ), македонската бизнис заедница може да се вклучи во процесот на креирање на политики на ниво на Европа преку учество во бизнис панели и т.н. Feedback услуги за генерирање на повратни информации од македонските МСП.

БИЗНИС ПАНЕЛИ
ЕИИЦМ во рамките на своето работење организира панели што ќе им овозможат на македонските деловни субјекти да го изразат своето мислење за различните европски директиви и регулативи со кои се соочуваат при своето работење на домашниот и европскиот пазар. Нашите согледувања ќе бидат доставени до Европската Комисија со што ќе се овозможи нејзино информирање за тоа како ЕУ легислативата влијае на македонските компании и ќе помогне во унапредување на процесот на креирање на политики и регулативи на европско ниво.

МСП FEEDBACK АКТИВНОСТИ
Дали ЕУ регулативите ви предизвикуваат одредени проблеми при вашето работење?
•    Дали се соочувате со потешкотии при исполнувањето на барањата од европските директиви?
•    Дали Вашиот бизнис се соочува со проблеми при влезот на одредени европски пазари?
•    Имате ли прашања поврзани со европските процедури на кои тешко го наоѓате вистинскиот одговор?
•    Дали постоечката европската легислатива, или недостатокот од одредени регулативи, го отежнуваат работењето на Вашето претпријатие на единствениот европски пазар?

Businessman leaning on desk, explaining to four colleagues sitting.

ЕИИЦМ како член на Enterprise Europe Network ви стои на располагање со своите услуги за брзо и проверено одговарање на вашите прашања, како и советодавни услуги од доменот на интернационализација на вашиот бизнис (стандарди, прописи, регулативи, даночни услови во различни европски земји и сл.).

Потешкотиите со кои се соочувате ќе ги проследиме и до Европската Комисија (ЕК) преку регистрирање во базата на случаи во т.н. Interactive Policy Making (IPM) Initiative – Иницијатива за интерактивно креирање на политики. ЕИИЦМ тимот ви стои на располагање со сите информации околу услугите за повратни информации до ЕК како дел од мрежата за поддршка на МСП –    Enterprise Europe Network.