Razvoj na rodovo senzitivni politiki vkluchuvajkji rodovo senzitivno budjetiranje

Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи родово сензитивно буџетирање

Овој курс е дизајниран за претставници на граѓански организации кои сакаат да го продлабочат своето знаење и вештини за интеграција на родовата перспектива во јавните политики и буџети. Курсот опфаќа три главни теми: основни родови концепти и поими, родова интеграција на локално ниво, и родово одговорно буџетирање. Учесниците ќе се запознаат со родовите улоги, стереотипи и родовата социјализација, ќе научат како родовите разлики влијаат врз пристапот до ресурси и јавни услуги, како и кои се видовите на родови политики (неутрални, сензитивни, трансформативни). Курсот нуди практични чекори за примена на родова анализа, дефинирање родови цели и индикатори, како и насоки за родово одговорно планирање и распределба на буџетски средства. Особено внимание е посветено на законската рамка и институционалните механизми што ја поддржуваат родовата рамноправност.

Детали за курсот

Времетраење: 0 ч 24 м

Ниво: Почетно ниво

Цена на курсот

БЕСПЛАТНО