Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика
Овој курс е наменет за претставници на граѓански организации кои сакаат да стекнат темелно разбирање за процесот на креирање јавни политики. Учесниците ќе се запознаат со основните концепти, циклусот на креирање политики, клучните чинители, инструментите што се користат, како и методите за анализа и оценка на влијанието на политиките. Курсот нуди практични увиди и конкретни примери од различни области – од социјална заштита и образование до животна средина и економија – при што се нагласува улогата на граѓанските организации, локалната самоуправа и меѓународните актери во политичкиот процес. Преку модуларен пристап, курсот води низ сите фази од дефинирање проблем до евалуација и ревизија на политиките, нудејќи алатки и знаења потребни за активно учество и застапување во процесите на јавно одлучување.