Почнување бизнис и социјално претприемништво
Овој курс е наменет за сите кои сакаат да направат прв чекор кон започнување сопствен бизнис или да развијат иницијатива со позитивно општествено влијание преку социјално претприемништво. Преку десет тематски целини, учесниците ќе стекнат основни познавања за претприемништвото, ќе научат како да генерираат и развијат бизнис идеја, да изградат визија и да ги разберат клучните разлики меѓу традиционалниот и социјалниот бизнис. Курсот обработува и теми како лидерство и менаџмент, изработка на бизнис план, брендирање, менаџирање човечки ресурси и организирање на процесите на работа. Со голем број вежби, практични алатки и корисни линкови, курсот им нуди на учесниците јасна патека од идеја до реализација, поттикнувајќи иновативен и одговорен пристап во деловниот свет.