Иновациски менаџмент
Овој курс нуди сеопфатен вовед во светот на креативноста и иновациите, и нивната клучна улога во современото општество и економија. Започнува со истражување на поимот креативност преку теоретски и практични вежби, продолжува со продлабочено разбирање на иновациите и иновативноста, и се надоврзува со техники за генерирање и селекција на идеи. Курсот го разгледува и иновативниот потенцијал во организациите, како и процесите на развој на нови и иновативни производи. Посебно внимание е посветено на заштитата на интелектуалната сопственост, како и на стратешкото значење на иновациите за националните економии. Преку практични примери, квизови и модели, курсот ги запознава учесниците со начините на системско поттикнување на иновативноста – како во рамките на поединечни организации, така и на национално ниво.