Breaking circular economy barriers – GO CIRCULAR
Меѓународна конференција и б2б вмрежување
23-24 ноември, хотел Хилтон Скопје и онлајн https://go-circular.b2match.io/
На 23 и 24 ноември Скопје ќе биде домаќин на меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија во организација на Фондација Претприемачки Сервис за Млади и Фондација за Менаџмент и индустриско истражување.
Конференцијата ќе биде проследена и со меѓународни билатерални состаноци со цел да се поттикне синергија и соработка за истражување и развој во доменот на циркуларна економија.
Теми на конференцијата
• Политики и мерки за циркуларна економија во Западен Балкан
• Стратегии за циркуларни градови
• Успешни приказни на проекти и компании
• Увид во различни деловни модели и циркуларна економија во различни индустрии
Целни учесници
Мали и средни компании, универзитети, центри за истражување и развој, организации и асоцијации и владини претставници со решенија за циркуларна економија.
Зошто да се учествува?
• Осврт на циркуларни решенија
• Вмрежување со најиновативните актери
• Партнерство за идни нови бизниси и можности за истражување и развој
Конференцијата може да ја следите во живо или онлајн.
За учество потребно е да се регистрирате на https://go-circular.b2match.io/.