1b

Барометар за женско претприемништво 2023

1b

Националната платформа за женско претприемништво – НПЖП во текот на три
последователни години ја следи состојбата на женското претприемништво во
државата, преку спроведување на анкета на ставовите и перцепциите на
најзасегнатите чинители – жените претприемачи. Истражувањата и активностите
реализирани во овој период ни овозможуваат да констатираме една динамична,
развојна перспектива. Имено, неформалната заедница на жени претприемачи од
година во година покажува сè поголема компактност, зрелост и фаќање чекор со
трендовите на европско ниво.

2


Тоа е видливо преку повеќе примери: преку мобилизирањето на поголемо
чувство на припадност кон оваа специфична категорија кога станува збор за соочување
со заедничките предизвици, како што е дискриминацијата по однос на пол; преку
еволутивната перспектива во поглед на користењето на нови технологии и
дигитализација на бизнисите; преку изборот на обуки кој покажува постојан и успешен
процес на учење и надградба; преку поголемата свесност и подготвеност за користење
на нетрадиционални извори на финансирање: преку зајакнатата отпорност и
соодветните одговори за справување со предизвиците, без разлика дали се работи за
КОВИД-19, војната во Украина или предизвиците кои ги наметнуваат домашните
политики, итн.

3


Секако дека остануваат уште бројни предизвици, но имаме веќе бројни мали
победи на кои можеме заеднички да се радуваме и врз кои можеме да го темелиме
успехот во иднина. Покажуваме дека не се задоволуваме со декларативни заложби и
дека имаме капацитет и потенцијал да работиме на конкретни подобрувања на
родовата еднаквост во пракса, во деловната заедница. Убедени сме дека тоа е патот
кој треба да се следи и во следниот период и дека заедно можеме да постигнеме уште
повеќе, стремејќи се кон целосна еднаквост и рамноправност.

👉Прочитајте го последниот барометар на следниот линк https://lnkd.in/dWvX_eCE