Аплицирај за Повик за членовите на НПЖП за учество во студиска посета
Националната платформа за женско претприемништво – НПЖП организира студиска посета за учење меѓу врсниците/колегите за да поттикне вмрежување со други европски врсници/колеги, размена на добри практики и создавање партнерства.
Студиската посета за учење од врсници/колеги се очекува да постигне повеќе цели, вклучувајќи:
- стекнување увид во иницијативите;
- зајакнување на практиката во рамките на платформата, но и зајакнување на соработката;
- координација и култура на учење.
Во студиската посета ќе бидат вклучени 10 членови на Националната платформа за женско претприемништво.
- Кој може да аплицира за учество во студиската посета и кои се условите?
- Претставници на организации и институции кои се членови на Националната платформа за женско претприемништво и кои имаат потпишано Декларација за соработка со НПЖП;
- Изборот на членови ќе биде направен согласно придонесот и мотивацијата кој ќе биде прикажан во самата форма за апликација како и опис на follow up настан кој ќе биде организиран за споделување на искуството стекнато на студиската посета
- Што е покриено?
Патни трошоци, сместување и храна (појадок, ручеци, вечери и освежување за сите учесници во студиската посета.
- Кога ќе се одржува студиската посета?
Временската рамка за организација на студиската посета ќе биде мај 2023 – јуни 2023 година.
- Каде ќе се одржи студиската посета?
Организацијата/институцијата домаќин ќе обезбеди поддршка за резервација на хотелот за учесниците во студиската посета и ќе обезбеди различни локации за посетата. Точната земја во која ќе се одржуваат студиските посети ќе биде дополнително објавена.
- Зошто да аплицираш за оваа студиска посета?
Интерактивно и ефективно учење
Целта на студиската посета, се разбира, е да научи и да стекне нови вештини и знаења. Студиските посети ве носат надвор од училниците или салите за состаноци за да добиете практично искуство за учење.
Вратете се на работа полни со нова енергија и знаења
Се разбира, главната причина поради која правите студиско патување е да стекнете нови искуства, нови вештини и знаења кои ќе ги понесете дома со вас. Вработените ќе се вратат на работа со полни со енергија чувствувајќи се исполнети, образовани и исполнети со нови идеи кои ќе ги споделат со своите колеги.