Вебинар за колективно учење за инклузивна родова еднаквост во истражување, иновации и образование!
📅 Датум: 5 ноември 2024
⏰ Време: 11:00-12:30 CET
Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување, преку проектот POLICY ANSWERS: R&I Policy making, implementation and Support in the Western Balkans, организира вебинар посветен на инклузивна родова еднаквост во истражувања, иновации и образование. Ќе бидат претставени програми како INSPIRE, STREAM IT и Girls Go Circular, кои се стремат кон намалување на родовите нееднаквости и зајакнување на дигиталните и лидерските вештини.
Проект INSPIRE: Запознајте го Centre of Excellence кој промовира родова еднаквост во истражување и иновации (R&I), вклучувајќи ја заедницата на пракса UNIGEM за континуирана поддршка и соработка. (Повеќе за INSPIRE).
Проект STREAM IT: Иницијатива која го промовира Манифестот на ЕУ за STE(A)M образование и кариери, со цел намалување на родовите нееднаквости. (Истражете го STREAM IT).
Програма Girls Go Circular: Програма која им овозможува на учениците, особено на младите девојки, дигитални и лидерски вештини за справување со предизвиците на одржливоста. (Дознај повеќе).
Агенда:
- 11:00 – 11:05 Вовед и престатвување на вебинарот Габриела Костовска Богоеска – Фондација МИР
- 11:05-11:25 Презентација на проектот INSPIRE & UNIGEM CoP – д-р Рејчел Палмен, виш истражувач при Институтот за интердисциплинарни интернет истражувања, Шпанија и доц. д-р Јована Михајловиќ Трбовац, истражувач во Словенската академија на науките и уметностите
- 11:25-11:40 Презентација на проектот STREAM IT – Каталин Оборни, проектен менаџер при истражувачкиот институт HETFA, Унгарија
- 11:40-11:55 Презентација на програмата Girls Go Circular – Љупка Панчевска, извршен директор на Junior Achievement Македонија
- 11:55-12:15 Прашања и одговори, отворена дискусија, завршни зборови
Зошто да присуствувате?
Подобрете го вашето знаење за стратегии за родова инклузија во истражување и иновации
Откријте најдобри практики и вмрежете се со експерти
Промовирајте поправедна иднина преку едукација и подигање на свеста
📢 Придружете ни се на овој настан за да придонесете кон поинклузивен и разновиден склоп во истражување, иновации и образование.
Линк за регистрација: Webinar Registration – Zoom