Mihail 6

Имплементирана Обука за интернационализација на бизниси за жени претприемачки во Струмица!

Во чекор кон отклучување на глобалните можности за жените претприемачи, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување на 17 септември 2024 година организираше Обука за интернационализација на бизниси за жени претприемачки во Струмица. Оваа обука обедини група на амбициозни жени претприемачки кои сакаат да ги прошират своите бизниси на меѓународно ниво.

Mihail 6

Обуката ја отвори Јасмина Саид, проектен менаџер во Фондација МИР, која ја истакна визијата на проектот за зајакнување на бизнисите предводени од жени и нивен напредок на меѓународната сцена. Таа нагласи како оваа обука, заедно со другите програмски активности е дизајнирана да ја промовира родовата еднаквост во приватниот сектор и достигнувањето на синџирите на вредност, додека на жените претприемачи им ги дава алатките што им се потребни за да се пробијат на нови пазари.

Jasmina 1

Предводена од експертот за интернационализација и синџири на вредност – г. Михаил Китановски, обуката им даде на учесничките вистински насоки за проширување на нивните бизниси надвор од границите на државата. Од стратегии за влез на пазарот до уметноста на преговарање со странски партнери, обуката е практичен водич за надминување на сите предизвици на интернационализацијата.

Mihail 1

Ucesnicki 3

Претприемачките разгледуваа сценарија од реалниот свет, се занимаваа со студии на случај и се вклучија во живи дискусии за тоа како стратешки да им пристапат на глобалните пазари. Покрај стручни насоки, учесничките имаа можност да се вмрежат и да споделат меѓусебни искуства.

Ucesnicki Site

Ucesnicka 1
Zaednicka

Обуката за интернационализација на бизниси е поддржана во рамките на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.

Иницијативата “WE GO INTERNATIONAL & INCLUSIVE” е сеопфатна програма дизајнирана да ги опреми жените претприемачки со основни знаења и алатки за проширување на нивните бизниси на меѓународно ниво, преку едукација, инспирација и поддршка во нивното учество на глобалниот пазар, истовремено промовирајќи ја родовата еднаквост во приватниот сектор и синџирите на вредност. 🌐💼 Во рамките на истата се таргетираат значајните бариери со кои се соочуваат жените претприемачки во процесите на раст и развој на своите бизниси, како што се ограничениот пристап до вештини, пазари, мрежи, финансии и услуги за поддршка, особено во извозните активности каде што е евидентен родовиот јаз. Преку состаноци со претставници на корпоративниот сектор во земјата и странство, курсеви и обуки за синџири на вредност и подобар пристап до финансии, како и можност за презентирање на нивните бизниси пред инвеститори, целта е  жените претприемачки да напредуваат на глобално ниво.