Инфографик – Дел од заклучоците на тематската група за “Пристап до финансии“
Oд работата на Тематската група на тема “Пристап до финансии“ во рамки на Проектот Национална платформа за женско претприемништво се подготвија Инфографици кои ќе бидат насока за понатамошно делување. Проектот е имплементиран од страна на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружение на бизнис жени и Сојуз на стопански комори на Македонија.
Инфографиците беа претставени на САМИТОТ 2022 година со што се презнтираат ставовите и состојбите од различни институции од областа на финансиите кои беа согласни дека основање на Фонд за женско претприемништво, ќе биде корисен модел за соединување на жените претприемачи и помош во надминување на нивните предизвици.
Сепак, многу прашања се отворени, посебно оние колку жените сериозно во непроменети општествени услови можат да бидат сериозни претприемачки, кои се причините за неуспех на нивните бизниси а особено зошто се одлучуваат да влезат во светот на бизнисот но во мали претприејатија?
Секако се нагласи потребната едукација за полето на претприемништвото во образованието, која засега ја водат недоволно стручен кадар.
Сето ова е содржано како насоки во приложениот Инфографик на следниот линк: https://weplatform.mk/blog/2022/11/10/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%84%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%bb-%d0%be%d0%b4-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d1%83%d1%87%d0%be%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%82/