Совети од 30 жени претприемачки (е-книга)
И покрај тоа што е зголемен фокусот на создавање на подобри услови за развој на женското претприемништво, сепак земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици кога станува збор за зголемување на бројот на жени претприемачи и нивната конкурентност. Истовремено, многу меѓународни компаративни трудови и индекси укажуваат на тоа дека Македонија има значителна родова нееднаквост во учеството во економскиот живот на земјата и во пристапот до ресурсите и можностите. Со дизајнирање на Национална платформа за женско претприемништво се става акцент на потребата за дијалог, структурна соработка и доверба помеѓу националната / локалната власт и деловната заедница во корист на економското зајакнување на жените, вклучително и младите и руралните жени.
Проектот Национална платформа за женско претприемништво е имплементиран од страна на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружение на бизнис жени и Сојуз на стопански комори на Македонија. Проектот е к-финансиран од страна на Европската Унија. Идејата за проектот произлегува од фактот дека инвестирањето во жени е едно од најефикасните средства за зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст. Поврзувањето на приватниот сектор со институциите, општините и сл. ќе придонесе за развој на претприемачката свест и свеста за постоење на можност за креирање на заеднички политики кои ќе придонесат за општото добро.
Жените претприемачи ја претставуваат најбрзо-растечката категорија на претприемништво на глобално ниво и значително придонесуваат за создавање на нови работни места, зголемување на БДП и економски развој. Основањето на сопствен бизнис е важен извор на лични приходи, вработување, иновации и економски раст.
Главна мотивација за жените да започнат сопствен бизнис е желбата за поголема независност, можноста за поголема заработка и подобрата рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот. Жените, од почнување сопствен бизнис најмногу ги одвраќа немањето пристап до финансирање под поволни услови, неволноста да се преземе ризик и ниската самодоверба. Најчести предизвици со кои се соочуваат жените претприемачи се тешкотии во пристап до финансирање, недостиг на поддршка од соодветните државни институции и обврските за грижа за членови на семејството.
Погледнете ги советите од 30 жени претприемачи кои се дадени за водење на бизнис на следниот линк: https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2023/04/Final30soveti.pdf