Втор годишен Самит за женско претприемништво 2022 насловен “Инспиративна иднина“ на Националната платформа за женско претприемништво
Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, партнер на проектот Национална платформа за женско претприемништво кој се спроведува заедно со Здружение на бизнис жени
и Сојуз на стопански комори на Македонија го организираше и вториот ден од Вториот Самит за женско претприемништво 2022 насловен како ”Инспиративна иднина”.
Tимот на НПЖП го означи почетокот на вториот ден на Самитот “Инспиративна иднина“
На почетокот на овој дел зборуваше Г-ѓа Емилија Андонова, Проектен координатор во Фондација за Менаџмент и индустриско истражување – МИР и координатор за градење на капацитети во Национална платформа за женско претприемништво и го претстави Барометарот на НПЖП за 2022 година, кој е своевиден показател на потребите на жените претприемачки, приказ на состојбите и насоки за понатамошно делување.
Резултатите и насоките од работата на Тематската група, нивните препораки на тема “Пристап до финансии ги презентираше Г-ѓа Мими Шушлеска Петкова, Сојуз на Стопански Комори ,која потенцираше дека економското зајакнување на жената е од многу значајно влијание за целосното економско зајакнување на општеството.
Проф. Д-р Ристе Темјановски – соработник на Проектот го претстави Документот за јавни политики “Жените претприемачи во дигиталниот свет: како да се премости родовиот јаз“, кој произлезе од работата на Секторската група. Документот покрај во дигитална форма веќе е и отпечатен и секако претставува корисно четиво на оваа многу важна тема во работата на жените претприемачки.
Елена Блажевска, Проектен координатор во Здружението на бизнис жени и асистент на Националната платформа за женско претприемништво ги претстави идните планирани активности во третата година од постоењето на Платформата со назнака за целите, идните чекори и очекувани резултати за 2023 година кога во декември месец ќе се заокружи работата на Националната платформа за овој тригодишен период.
Во првиот ден од делот беа доделени и двете награди, кои ќе станат и традиционални и по минатогодишниот пример, претставуваат и валоризација за сработеното но и поттик за понатамошна работа беа доделени и наградите за Најдобра млада лидерка која за 2022 година заслужено ја доби Ирина Тростјанска ФИТ МИКС Студио Тростјанска ДООЕЛ а Наградата за Најдобра граѓанска организација-добра практика ја доби, Верица Милевска-Стефановска од Комората за приватно обезбедување на РМ.
Четвртата тема на Панел дискусијата беше на тема: “Младите и претприемништвото, можности и предизвици“ на која учествуваа:
Г-дин Андреј Стојкоски , член на Управен одбор на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ кој зборуваше за различните начини како да се анимираат младите.
Г-ѓа Билјана Стојческа, програмски координатор на Младинскиот Сојуз од Крушево кој е активен во Крушево, како и во канцеларијата во Скопје, која служи како Национален центар за средби и активности на младите луѓе активни во рамките на Младинскиот Сојуз
Г-ѓа Неда Инономова Гаврилоска Советник во одделение за подготовка на програми. Таа на Самитот зборуваше за можностите за образование на младите, Програмите кои ги изработува и спроведува ФИТР како и предизвиците со кои се соочуваат младите и начините како да им се помогне.
Г-дин Стефан Стефановски, претставник на Агенција за млади и спорт, кој ги посочи нивните активности од работата со младите. Младите се клучен фактор во градењето на иднината на претприемништвото и женското претприемништво. Мотивацијата и поддршката секако се важни за младите луѓе, беа согласни сите учесници на оваа Панел дискусија.
Како завршен дел беа Работилниците на тема финансии, за сите заинтересирани жени претприемачки.
Првата работилница “Финансиски менаџмент“ чиј ментор беше Сашо Велковски, кој е дипломиран економист и работи како финансиски советник. Последните пет години интензивно работи на поддршка на деловниот сектор преку разни програми, особено во сферата на управување со финансии, токму најважниот дел на секоја жена претприемач
Вториот дел на тема “Обезбедување финансии/односи со инвеститори“ , ментор беше Александар Целески – Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®) со докажано и долго работно и професионално искуство во водечки интернационални менаџмент консултантски компании.
Секако дека финансиите се најважниот и клучен елемент од две сфери , од аспект дека жените немајќи финансии се откажуваат да влезат во светот на претприемништвото и од оној најважниот, како жените да дојдат до финансии. Дека е ова најгорлив проблем покажа и обемната дискусија која се разви за време на двете работилници.
По завршување на богатата и исцрпна дискусија по сите дадени теми, со Заклучоци претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Г-ѓа Валентина Дисоска, заврши дводневниот Втор Самит за женско претприемништво “ Инспиративна иднина“.