Screenshot 19

Македонско-турски деловни средби со жени претприемачи од Стопанската индустриска комора на Кочаели

ИНТЕНЗИВИРАНА БИЗНИС СОРАБОТКА МЕЃУ ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД ТУРЦИЈА И ОД МАКЕДОНИЈА ВО РАМКИ НА ЕЕН МРЕЖАТА

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Стопанската индустриска комора од Кочаели, Република Турција, а со поддршка на Европската мрежа за бизнис можности – (ЕЕН мрежа), организираа компаниска мисија и деловни средби меѓу жени претприемачи од двете земји (31.10.2022 година). 

На Македонско-турските деловни средби присуствуваа 15 компании од Република Турција и претставници од околу 35 компании од земјава.

Во стопанската делегација од Турција беа присутни жени претприемачи од областа на металната и градежната индустрија, автомобилската и текстилната  индустрија,  ИТ секторот, секторот за недвижнини, секторот за консултантски и тренинг услуги како и  производители на производи на потребите на градежништвото, особено за греење, ладење и вентилација, производи од пластика и алуминиумски профили за мебел и декорација; архитектонски услуги, недвижнини, консултантски и тренинг услуги, трговија на злато и накит и слични дејности. 

Во Македонија постојат неискористени можности за соработка и инвестирање во инфраструктурата, автомобилската и текстилната индустрија, земјоделството, и во туризмот, со можност потенцијалите на турското стопанство за нас да станат реалност, со интенција турските инвестиции во земјава да се зголемат во блиска иднина – сподели Ирена Мојсовска.

Габриела Костовска Богоеска, ко-основач и извршен директор на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР фондација), пред присутните се обрати и истакна дека и е особено драго што го започнуваме овој постпандемски период на работа на ЕЕН мрежата токму со билатерални средби со жени претприемачи од Република Турција. 
Токму преку реализација на настани  и активности во рамките на тематската група за женско претприемништво која функционира преку ЕЕН мрежата целта е да овозможиме што е можно повеќе жени претприемачи да настапуваат на меѓународните пазари.

NURCAN BABALIK од компанијата NACSOFT YAZILIM, ИТ сектор, претседателка на Советот на жени претприемачи од Кочаели, се обрати пред присутните и истакна дека Советот на жени претприемачи е основан во 2008 година во рамки на Унијата на турските комори и стокови берзи  на Турција (ТОББ) за развивање на генерални политики за поддршка на женското претприемништво во земјата, како и унапредување на женското претприемништво преку организација на тематски тренинзи, семинари, обуки и други едукативни настани.

Регионот на Кочаели е познат по производство на производи од металната и автомобилската индустрија, индустријата за камен и земја, а најпознати се по хемиската индустрија со учество од 28% од вкупното производство. Индустријата на Кочаели индиректно поврзува и научно истражувачки центри како Универзитетот Кочаели, Универзитетот Сабанџи, Истражувачкиот центар Мармара, Технолошкиот институт Гебзе, TÜBİTAK, Технопарк, но и многу други истакнати институции и организации, кои го прават овој регион главен центар за научно истражување и развој.

Оваа компаниска мисија се организира во рамки на европската мрежа за бизнис можности која е најголемата мрежа наменета за подршка на малите и средни компании, (ЕЕН мрежата), а главна цел е поддршка на малите и средните бизниси во земјава и пошироко, со можност за интензивирање на бизнис-релациите со цел поефикасна соработка на жените претприемачи од Република Турција и од Република Македонија.

По завршувањето на пленарниот дел се одржаа и деловните средби каде се остварија контакти и се разменија искуства помеѓу жените претприемачи од двете земји.

Излагање во вториот панел имаа Елена Блажевска од Здружение на бизнис жени и Емилија Андонова од Национална платформа за женско претпримништво каде ги запознаа жените претприемачки за можностите кои им се на располагање во нашата држава како и програмите и активностите кои се спредуваат на национално ниво во кои можат да се вклучат.

Компаниската мисија завшри со посета на македонска компанија предводена од жена претприемач ”ЕСНАФ”.