Потпишан договор за национално ко-финансирање преку ИПА програмата за прекугранична соработка
Директорката на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување Габриела Костовска Богоеска го потпиша договорот за национално ко-финансирање преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Србија – Македонија преку отворени повици за 2016 – 2020 година со Министерот за Локална самоуправа Горан Милевски.
Фондација за Менаџмент и индустриско истражување го спроведува проектот Подобри можности прилагодени на помалку развиените области‘ со цел да придонесе за економско зајакнување и зголемување на вработувањето кај популацијата од руралните средини посебно кај жените и младите и тоа во 3 области: земјоделски производи, традиционално занаетчиство-ракотворби и рурален и агро туризам.
Преку овој проект ќе бидат воспоставени мерки за поддршка на крајните корисници во соработка со локалните власти во целните општини и зајакнување на капацитетите на: а) крајните корисници/локалните рурални заедници во однос на новите форми на вработување и соработка во земјоделството и руралниот развој, и б) локалните општински власти за програмирање и следење на резултатите од мерките за ЛЕР.
Проектот се спроведува во партнерство со Национална алијанса за локален економски развој (НАЛЕД), Белград; Здружение на жени „Ружа“, Лебане; Граѓански центар „АктивУМ“, Куманово.