Одржана тркалезна маса на тема Можност за претприемништво, мерки и програми за поддршка?
На 18-ти септември 2018 (вторник), во Опера Хаус Хотел во Скопје со почеток од 13 часот, беше одржана тркалезна маса на тема Можност за претприемништво, мерки и програми за поддршка? дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute).
На настанот земаа присуство над 30 учесници, претставници од владиниот и граѓанскиот сектор. Проектниот менаџер од Фондација за менаџмент и индустриско истражување, г-ѓа Емилија Андонова ја отвори оваа конференција со презентирање на реализираните активности дел од овој проект како и презентирајќи ги можностите за вклучување во проектната програма. Преку обуки, советување, менторски сесии, онлајн курсеви за развој на вештини, вклучување во активностите на Национален совет за женско претприемништво, користење на web-портал за информации поврзани со женско претприемништво како и водич за граѓански организации и промотивни брошури сите заинтересирани ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и вклучат.
Г-ѓа Валентина Дисоска од Здружение на бизнис жени зборуваше за важноста на проектот за развојот на женското претприемништво како и чекорите кои се направени на оваа тема за подобрување на можностите за жените претприемачи. Г-ѓа Драгица Јерков надворешен експерт од Хрватска ги презентираше проблемите со кои се соочуваат жените претприемачи во Хрватска и искуството кое го поминале за да можат да направат значителни чекори кон подобрување на животот, можностите и програмите за поддршка на жените претприемачи. Потенцирајќи дека општеството и жените претприемачи потребно е да работат заедно помагајќи си еден на друг во остварување на своите цели. Г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ од ГТФ – Иницијатива за одржлив раст од Хрватска ги презентираше гледиштата на оваа тема од Регионални, Европски и светски рамки посочувајќи на фактот дека промените се видливи само доколку се работи заеднички со сите релевантни фактори и институции во државата и доколку се отвораат нови можности и мерки постојано согледувајќи ги потребите на жените претприемачи.
Сите заинтересирани ќе може да ги најдат релевантните информации на веб порталот: http://www.wecontribute.mk
Проектот се имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.