Покана за јавна расправа: Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив развој од Хрватска Ве покануваат на настан – јавна расправа на тема Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?

Настанот е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“. Јавната расправа ќе се одржи на 01 јуни 2018 година во Хотел Порта со почеток во 12:30 часот.

На настанот ќе бидат дискутирани теми кои се релевантни за женското претприемништво и што ги засега жените претприемачи структурирани во три дела:

  • Влада – Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?
  • Финансии – Пристап до финансии и отворени програми за поддршка на претприемништво
  • Прашања – Кои се прашањата кои сакате да ги поставите до релевантни институции/Министерства кои се однесуваат на развојот на претприемништво?

Јавната расправа ќе поттикне дискусија помеѓу жените претприемачи од која ќе произлезат и прашања кои се битни за жените претприемачи во Македонија како и заклучоци за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до релевантните институции/Министерство

 

 АГЕНДА

12:30 – 13:00 Регистрација на учесниците
13:00 – 13:10 Отворање и воведно обраќање
13:10 – 14:15 Јавна расправа
14:15 – 14:30 Прашања и одговори
14:30 Коктел

 


Во прилог е линкот за пријавување на настанот: https://goo.gl/FU2FNB

 

 

Контакт лице: Емилија Андонова  emilija.andonova@mir.org.mk  02 3103 674

Би ни прeтставувало особено задоволство доколку ни се придружите на настанот.