Истражување за потебите на граѓанскиот сектор од областа на реформи во Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика
Во рамки на проектот “Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, МИР Фондација започна истражување со цел подобро да се разбере моменталната состојба и условите за Поглавје 20. Истражувањето вклучува анализа на стејкхолдери, истражување на потребите на граѓанските организации релевантни за реформскиот процес Поглавје 20, како и експертска анализа на националниот контекст на Поглавје 20.
Во таа насока, креиран е прашалник за потребите на граѓанските организации релевантни за реформскиот процес во Поглавје 20.
Прашалникот содржи три области:
(1) Приоритетни области од Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика;
(2) Унапредување на капацитетите на граѓанскиот сектор од Поглавје 20; и
(3) Потребни ресурси и облици на делување на граѓанските организации;
Прашалникот е подготвен во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“. Проектот е спроведуван од Фондацијата Претприемачки сервис за млади (ПСМ), Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружението за рурален развој „Јавор“-Зрновци, а финансиски поддржан од Европската Унија, преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
Преку имплементација на активностите, проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и мониторирање на политиките за Поглавје 20, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.
Проектот е финансиран од Европската Унија