Промотивна конференција за проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“
На 21.06.2017 (среда), со почеток од 12.00ч, во Информативниот центар на ЕУ, ПСМ Фондација ќе одржи промотивна конференција со цел почеток и промоција на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“.
На конференцијата ќе учествуваат претставник од Делегацијата на Европската Унија, како и претставници од партнерските организации вклучени во имплементацијата на проектот: Софија Цали Кузманова од ПСМ Фондација, Емилија Митевска од Фондација МИР, Жаклина Голчева од Здружение за рурален развој „Јавор“-Зрновци.
На конференцијата ќе бидат презентирани активностите на проектот, како и можностите за вклучување на граѓанските организации кои се активни на полето на Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика во проектот, кој е финансиран од Европската Унија.
Проектот предвидува и финансиска поддршка преку грантови за граѓанските организации со вкупен фонд од 60000 евра за вкупно 8 проекти.
Главната цел на проектот е активно вклучување во реформскиот процес на Поглавје 20 преку структурирани напори од страна на мрежата на граѓански организации „ЈЕС Нетворк“.
Преку имплементација на активностите, проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и мониторирање на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.
Мрежата на граѓански организации „ЈЕС Нетворк“ беше креирана во 2014 година и претставува моќен механизам за координација и поврзување на граѓанскиот сектор со бизнис и владиниот сектор, преку премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни врски.
Заинтересираните лица може да го пријават своето учество на конференцијата следниот линк или на contact@yes.org.mk, 02 3108 891.