Интернационален б2б настан за отворени иновации во ИКТ секторот во Скопје

Enterprise Europe Network Македонија на 17 и 18 ноември во Скопје ќе го организира „Go International – Open innovation in ICT“, дводневен меѓународен настан кој се фокусира на отворени иновации од областа на информационите технологии. За време на настанот фирми од областа на информационите технологии ќе имаат можност да ги претстават своите иновации и да остварат деловни средби со фирми од европските земји.

Процесот на бизнис вмрежување се состои од неколку чекори:

Регистрација – секоја фирма пополнува онлајн форма и креира сопствен профил кој дава осврт на компанијата, производите и услугите кои ги нуди и каков тип на соработник има потреба.
Закажување состаноци – откако ќе добиете мејл дека процесот за закажување билатерални состаноци е отворен, секоја компанија ќе има можност да испрати директни барања за состанок со фирмите кои се регистрирани за учество.
Билатерални состаноци – неколку денови пред самиот настан секоја фирма добива личен распоред со состаноци.

Агенда
17 ноември, четврток
13.00 – 14.00 Регистрација на учесници
14.00 – 17.00 Elevator pitch
17.00 – 18.00 Коктел

18 ноември, петок
10.30 ‐ 11.00 Регистрација на учесници
11.00 ‐ 13.00 Б2Б средби
13.00 ‐ 13.30 Кафе пауза
13.30 ‐ 15.30 Б2Б средби
15.30 ‐ 17.00 Ручек

Go International – Open innovation in ICT ќе се одржи на 17ти и 18ти ноември на Скопски Саем во Скопје. Настанот е во организација на Фондација за Менаџмент и Индустриско Истражување и Фондација Претприемачки Сервис за Млади.

Учество на настанот не се наплаќа!

Сите фирми кои имаат интерес да учествуваат треба да се регистрираат на сајтот http://goict2016.talkb2b.net/

Контакт: Александар Филипоски – aleksandar.filiposki@yes.org.mk / 3108-891

Logo-NET-MAC[1] CEI logo