Регионална Конференција за Женско Претприемништво – Размена на искуства, вмрежување и деловни средби, 28-29 ноември 2014, Скопје
На 28 и 29 ноември во Скопје, во рамки на своите активности Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Фондацијата претприемачки сервис за млади ја одржаа Регионалната конференција за Женско Претприемништво- Размена на искуства, вмрежување и деловни средби.
Целта на настанот беше да се даде придонес кон Женското претприемништво во Македонија, преку размена на информации, искуства и знаења на истакнати жени претприемачи Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска и Романија.
Во рамките на настанот, вториот ден од конференцијата беше наменет за трилатерална Компаниска Мисија каде се одвиваа однапред дефинирани и закажани деловни средби помеѓу компании раководени од жени претприемачи од Србија, Бугарија и Македонија.
Главни области:
– Прехранбена индустрија
– ИКТ
– Сервис и услуги
– Производство на мебел и дизајн
– Производство на текстил и текстилни производи
– Туризам и угостителство
– Фармација и козметика
Придобивки и можности:
– Развивање на нови меѓународни бизнис релации
– Учество во претходно договорени состаноци со потенцијалните партнери
– Наоѓање на партнери за различни облици на соработка (заедничко вложување, лиценцирање, дистрибуција, техничка соработка, производство и подизведување)
– Наоѓање на нови партнери, пазари и производи
Ко-организатори:
Асоцијација на бизнис жени на Македонија
Институт Михајло Пупин, Србија
Комора на стопанството и индустрија – Добрич, Бугарија
Комора на стопанството и индустрија – Пловдив, Бугарија
Поддржано од:
Министерство за економија на Република Македонија
Централна европска иницијатива – CEI
Enterprise Europe Network
Официјален спонзор
ORBICO, Македонија