IMG 8465865173ce805f4668e8016aeb254b V

Фондацијата МИР ги зајакнува европските партнерства преку средби со водечки европски организации и мрежи

Во рамките на активностите за унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на поврзаноста со европските иновациски и претприемачки екосистеми, Габриела Костовска Богоеска, извршна директорка на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР), и Емилија Андонова, програмска координаторка, остварија работни средби со претставници на неколку значајни европски организации и мрежи.

IMG 8465865173ce805f4668e8016aeb254b V

Средбите беа реализирани со:

  • Stefan Moritz, генерален секретар на European Entrepreneurs CEA-PME, европска организација која ги застапува интересите на малите и средните претпријатија и се залага за создавање поповолна деловна средина, зајакнување на претприемништвото и конкурентноста на европските компании.

  • Karen Clements и Saly Low, претставнички на LOW Europe, организација со која беа воспоставени контакти во насока на развој на меѓународната соработка и идентификување можности за идни заеднички иницијативи.
IMG 48e32cb693ccb4f18ce941d8cf96b1f7 V

  • Ewa Chomicz, Policy and Engagement Manager во ERRIN (European Regions Research and Innovation Network), европска мрежа која ги поврзува регионалните чинители во областа на истражувањето и иновациите и поттикнува соработка, размена на знаења и вклучување во европските политики и програми.
IMG c1aa2296efe369f5f6e558c1ef0ecd7e V

Овие средби претставуваа значајна можност за воспоставување и продлабочување на контакти со релевантни европски организации, како и за отворање нови перспективи за меѓународно вмрежување и партнерства. За Фондацијата МИР, градењето стратешки партнерства со европски организации и мрежи е важен дел од заложбите за поддршка на претприемништвото, иновациите, дигиталната и зелената трансформација, како и зајакнување на капацитетите и конкурентноста на малите и средните претпријатија.

Поврзувањето со организации кои имаат активна улога во обликувањето на европските политики, истражувачките и иновациските иницијативи отвора можности за размена на искуства, развој на нови проектни партнерства и поголема вклученост на домашните чинители во европските процеси. Преку континуирано градење меѓународни партнерства и активно учество во европските мрежи, Фондацијата МИР продолжува да ја зајакнува својата улога како мост меѓу македонскиот и европскиот иновациски и претприемачки екосистем, придонесувајќи кон создавање нови можности за соработка, размена на знаења и одржлив економски развој.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!