Отворен повик за изразување интерес за користење на услугите на DigitMak
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, како партнер во Европскиот центар за дигитални иновации DigitMak ги повикува компаниите и организациите во Македонија да изразат интерес за користење на услугите што ги нуди центарот.

DigitMak функционира како едношалтерски центар што им помага на организациите да ги проценат своите потреби, да тестираат технологии пред да инвестираат, да развијат дигитални вештини и да идентификуваат соодветни можности за финансирање.
Кој може да се пријави?
- микро, мали и средни претпријатија – МСП;
- мали компании од категоријата small mid-caps;
- организации од јавниот сектор, вклучително и подобни јавни претпријатија, јавни установи, институции, општини и органи на јавната администрација;
- стартапи и компании во раст (scale-ups) што ги исполнуваат условите за МСП или small mid-caps.
Повикот е отворен за подобни организации од целата држава и од сите сектори. DigitMak ќе посвети посебен фокус на организации што работат во недоволно опслужени региони надвор од главниот град, како и на организации активни во следните приоритетни области:
- паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност;
- информатички и комуникациски технологии;
- електро-машинска индустрија и Индустрија 4.0;
- одржливи материјали и паметни згради.
Каква поддршка нуди DigitMAK?
Соработката вообичаено започнува со:
- средба или посета на организацијата и анализа на потребите;
- процена на дигиталната зрелост;
- подготовка на патоказ и акциски план за дигитализација и примена на AI.
- Тестирање пред инвестирање (Test before invest)
- дигитално унапредување со примена на AI;
- лабораториски услуги, прототипирање и тестирање;
- краткорочни пилотирања во контролирани или реални услови;
- поддршка за развој и унапредување на дигитални и AI производи;
- пристап до релевантна опрема, тестни средини и експертиза.
- Развој на вештини и обуки
- приспособени програми за обука;
- пристап до онлајн ресурси и е-учење;
- тематски работилници за дигитализација, AI, одржливост, иновации, циркуларна економија и пристап до финансии;
- учество во тематски и Test before invest настани.
- Поддршка за наоѓање инвестиции
- индивидуално инвестициско советување;
- информации и насочување кон национални, европски, јавни и приватни извори на финансирање;
- поддршка при подготовка на грант и финансиски апликации;
- поврзување со инвеститори, финансиски институции и потенцијални партнери;
- учество во инвестициски настани.
- Иновациски екосистем и вмрежување
- прва линија на AI Help Desk поддршка;
- основно насочување за AI подготвеност, практична примена и усогласеност;
- иновациска ревизија и напредна процена на одржливоста;
- работилници за технолошки трансфер и дигитални иновации;
- мрежни настани и поврзување со други европски центри за дигитални иновации, AI Factories, EuroHPC и други релевантни европски инфраструктури.
Како се одвива процесот?
- Пополнување на формуларот за изразување интерес.
- Проверка на основната подобност и иницијален разговор.
- Анализа на потребите и, каде што е применливо, процена на дигиталната зрелост.
- Подготовка на предложен пакет услуги и план за соработка.
- Реализација и следење на договорените активности.
Изразувањето интерес не претставува автоматско одобрување на услуга. Видот, обемот и периодот на поддршката ќе зависат од подобноста на организацијата, утврдените потреби, расположливите капацитети и буџет, како и применливите програмски правила и правила за државна помош.
Доколку сакате да го изразите вашиот интерес за користење на услугите на DigitMak, пополнете го следниот формулар.
Овој повик е наменет за користење услуги на DigitMak и не претставува повик за доделување директни парични грантови.
