EEN Template 16x9 NonEU.pptx (2)

Проширете ја вашата деловна мрежа преку B2B настани за текстилниот и земјоделскиот сектор

Компаниите кои сакаат да воспостават нови меѓународни партнерства, да пронајдат клиенти, добавувачи или деловни соработници и да ги прошират своите активности на странски пазари, имаат можност да учествуваат на два меѓународни B2B настани организирани со поддршка на Enterprise Europe Network (EEN).

Circular Textile Days 2026

Во рамките на Circular Textile Days 2026, настан кој ќе се одржи во Тилбург, Холандија, ќе бидат организирани однапред договорени 20-минутни B2B состаноци. Настанот претставува одлична можност за воспоставување нови деловни контакти, развој на прекугранични партнерства и запознавање со најновите решенија и иновации во областа на циркуларната текстилна индустрија.

Circular

Настанот е наменет за компании, истражувачки организации, иноватори, јавни институции и други чинители активни во областа на:

  • циркуларен и одржлив текстил;
  • рециклирање и повторна употреба на текстил;
  • текстилно производство;
  • модна индустрија;
  • одржливи материјали и суровини;
  • текстилни технологии и иновации.

Со учеството, компаниите ќе имаат можност да:

  • воспостават нови меѓународни деловни контакти;
  • идентификуваат потенцијални купувачи, добавувачи и партнери;
  • ја зголемат својата видливост на европскиот пазар;
  • разменат знаења и искуства поврзани со циркуларната економија и одржливото производство.

Краен рок за регистрација: 01.10.2026
Регистрација: https://www.b2match.com/e/ctd-match26

Meet4Business AGRA 2026

Meet4Business AGRA 2026 нуди две можности за учество: B2B средби на 24 август 2026 година во рамките на Меѓународниот саем за земјоделство и храна – AGRA 2026 во Горња Радгона, Словенија, како и онлајн B2B средби на 3 септември 2026 година. Двата формати им овозможуваат на компаниите да се поврзат со потенцијални деловни партнери од Словенија и странство, да воспостават нови контакти и да истражат можности за соработка.

743108169 1022575897165799 4774231480932303466 n

Настанот е наменет за компании и организации од секторите:

  • земјоделство;
  • лов и рибарство;
  • прехранбена индустрија;
  • земјоделска механизација и опрема;
  • деловни и советодавни услуги;

Со учеството на Meet4Business AGRA 2026 компаниите ќе можат да:

  • воспостават директни контакти со потенцијални деловни партнери од Словенија и други земји;
  • презентираат производи, услуги и иновативни решенија;
  • разменат искуства со експерти и претставници од индустријата;
  • стекнат практични знаења за примената на вештачката интелигенција во земјоделското работење.

Краен рок за регистрација: 21.08.2026
Регистрација: https://www.b2match.com/e/meet4business-agra-2026

И двата настани претставуваат одлична можност за компаниите да ја прошират својата меѓународна деловна мрежа, да воспостават нови партнерства и да создадат конкретни можности за соработка и раст. Заинтересираните компании можат да се регистрираат преку официјалните платформи на настаните и однапред да ги закажат своите B2B состаноци.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!