Workshop 6 (4)

STEM Discovery Lab – кога AI станува разбирлив, применлив и наш

STEM Discovery Lab продолжува како простор каде девојчињата не само што учат за технологија, туку ја разбираат, ја преиспитуваат и ја користат за да создадат нешто свое. Програмата се реализира во рамки на европскиот проект STREAM IT, имплементиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР), во соработка со Startup Club Skopje.

Workshop 5 (3)

Во третата недела од програмата, фокусот беше ставен на вештачката интелигенција – од разбирање како функционира, до создавање сопствени AI решенија.

Работилница 5 – „Како размислува AI?“

Со Јована Коцевска, ментор од Nebula, девојките навлегоа во светот на алгоритмите, податоците и машинското учење. Но наместо сувопарна теорија, работилницата започна со прашања:

Што всушност значи кога велиме дека AI „размислува“?

Дали може да нè замени?

И каде сè веќе го користиме – без да бидеме свесни?

Преку дискусии и примери од секојдневието, учесничките откриваа како податоците се претвораат во модели и предвидувања, и како recommender системите, апликациите и дигиталните алатки функционираат „зад сцената“.

На прашањето што им беше најинтересно, одговорите беа јасни:

„Дискусијата за тоа дали AI може да го замени човекот и предавањето за тоа како AI учи од податоци.“

„Најинтересен ми беше делот каде што дискутиравме за AI во секојдневието.“

Работилницата не понуди само одговори – туку отвори простор за критичко размислување.

Workshop 6 (4)

Работилница 6 – „AI во акција: од реален проблем до паметно решение“

Ако петтата работилница беше „зошто“ и „како“, шестата беше – „ајде да пробаме“.

Со Стефан Петрушевски, ментор од Nebula, учесничките работеа целосно практично. Во мали тимови дефинираа реален проблем и го следеа процесот:

проблем → податоци → AI обработка → решение

Користејќи ја алатката n8n, тие креираа сопствени workflow-и, поврзуваа алатки, дефинираа улога на AI и тестираа излез. Од идеја на хартија – до функционален прототип.

Како што споделија:

„Работилницата беше целосно hands-on, па самата можев да пробувам како работи n8n… Подобро сфатив како различни алатки можат да се поврзат и да комуницираат меѓусебно.“

„Најинтересно ми беше кога ние самите креиравме поедноставно решение на нашиот проблем, затоа што преку практична работа најмногу се учи.“

Токму тоа беше и целта – да се почувствува процесот на создавање.

Workshop 6 (9)

Од љубопитност до самодоверба

Овие две работилници покажаа дека кога девојчињата имаат безбеден простор да прашуваат, експериментираат и грешат – тие не само што ја разбираат технологијата, туку гледаат дека можат самите да ја обликуваат.

STEM Discovery Lab продолжува да биде место каде AI не е мистерија, туку алатка.

А иднината – не е нешто што се чека, туку нешто што се создава.

📢 Следете ги нашите канали за следните сесии и активности.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!