Успешно реализиран вебинар: Жените миленијалки во STEM и инженерството – искуства од пракса
На 11 февруари 2026 година, по повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување успешно го реализираше вебинарот „Жените миленијалки во STEM и инженерството – искуства од пракса“, посветен на улогата и придонесот на жените миленијаки во науката, технологијата, инженерството и математиката.

Вебинарот беше наменет за жени миленијалки кои работат или планираат кариера во индустријата и техничките области, со цел да им обезбеди реални увиди од пракса, инспирација и практични насоки за професионален развој.

Целта на настанот беше да се истакне значењето на STEM образованието и инженерските професии како основа за градење влијателни и одговорни позиции во индустријата, како и да се отворат прашања поврзани со предизвиците и можностите со кои се соочуваат жените во овие области.
Главни теми на вебинарот:
- Врската помеѓу техничкото образование, професионалниот напредок и влијателните позиции во индустријата.
- Искуства за комбинирање на настава, истражување, теренска работа и лидерство
- Стратегии за надминување на суптилните предизвици во машки доминирани технички средини
- Реални примери за влијанието на STEM врз индустриските иновации и одржливиот развој

На настанот учествуваа:
- Радмила Колева, доктор по машинство и асистент на Институтот за хидраулично инженерство и автоматика при Машинскиот факултет во Скопје
- Јоана Магдеска, инженер-технолог и магистер по маркетинг, овластен инженер во областа на водни технологии, стандардизација и третман на води.
Учесничките го оценија вебинарот како мотивирачки и информативен, нагласувајќи дека добиле практични насоки за градење кариера, зајакнување на самодовербата и справување со професионалните предизвици во техничките професии.

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување продолжува со својата мисија за поддршка на жените во индустријата и STEM областите, преку организирање на едукативни и развојни активности во рамки на проектот „EMPOWERING“.
Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.
Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.
Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на:
- IPRA/MEDEF од Франција
- Fundacja Digital Creators од Полска
- Confindustria Toscana Servizi од Италија
- European Centre For Women And Technology од Норвешка
- Фондација за менаџмент и индустриско истражување од Македонија






