EMPOWERINGSTEM

Вебинар: Жените миленијалки во STEM и инженерството – искуства од пракса

По повод 11 февруари – Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, организираме вебинар посветен на улогата на жените миленијалки во науката, технологијата, инженерството и математиката.

EMPOWERINGSTEM

STEM образованието и инженерските професии сè повеќе отвораат можности за влијателни и одговорни позиции во индустријата. Преку овој вебинар ќе слушнете искуства од пракса, ќе се отворат прашања за предизвиците со кои се соочуваат жените во техничките области и ќе се споделат стратегии за професионален развој и влијание.

Настанот е наменет за жени кои работат или планираат кариера во индустријата и сакаат да добијат реални увиди од професионалки со практично искуство.

Агенда 11.02.2026 (среда)

11:00 – 11:10Добредојдовте и запознавање со проектот „EMPOWERING“ – Миа Ботинова Димитрова, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување
11:10 – 11:30Радмила Колева, доктор по машинство и асистент на Институтот за хидраулично инженерство и автоматика при Машинскиот факултет во Скопје
11:10 – 11:50Јоана Магдеска, инженер-технолог и магистер по маркетинг, овластен инженер во областа на водни технологии, стандардизација и третман на води.
11:50 – 12:00Прашања, одговори и отворена дискусија 

На вебинарот ќе добиете:

  • осврт на значењето на STEM за развој на кариера во индустријата и врската со влијателни позиции.
  • увиди за балансирање на мултифункционални улоги – настава, истражување, теренска работа и лидерство.
  • стратегии за справување со суптилни стереотипи во машки доминирани технички средини.
  • реални примери за влијанието на STEM врз индустриските иновации и развој.

Резервирајте го вашето место бесплатно и регистрирајте се на следниот линк.
Дознајте како STEM знаењата и инженерската пракса можат да ви помогнат да изградите влијателна кариера во индустријата!

EMPOWERINGSTEM 2 (1)

Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.

Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.

Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на:

  • IPRA/MEDEF од Франција
  • Fundacja Digital Creators од Полска
  • Confindustria Toscana Servizi од Италија
  • European Centre For Women And Technology од Норвешка
  • Фондација за менаџмент и индустриско истражување од Македонија

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!