Одржана EWA Обука за нови трендови во земјоделството Иновации, дигитални алатки и променa на потрошувачките навики за земјоделските производи и услуги

Во рамките на програмата за поддршка на женското претприемништво во земјоделството, на 6 октомври 2025 година се одржа онлајн Обука за нови трендови во земјоделството: Иновации, дигитални алатки и променa на потрошувачките навики за земјоделските производи и услуги.
Предавач на сесијата беше д-р Марија Ѓошева-Ковачевиќ од Земјоделскиот институт – Скопје, која сподели практични искуства и најнови согледувања во областа на одржливото и модерно земјоделство.




Оваа интерактивна обука имаше за цел да ги запознае учесничките со глобалните стратегии за одржлив развој, новите практики на климатски паметно земјоделство, како и со современите дигитални алатки и концепти на прецизно земјоделство.
👩🌾 Преку примери од пракса и отворена дискусија, учесничките ги споделија своите искуства и предизвици, а воедно се запознаа со начините како дигитализацијата и иновациите можат да придонесат кон подобрување на продуктивноста и одржливоста на земјоделските производи и услуги.
🌾 Во последниот дел од обуката беа разгледани новите потрошувачки трендови, пазарните можности и агротуризмот како потенцијал за економски раст и диверзификација во руралните средини.




Обуката заврши со заедничка рефлексија и дефинирање на следните чекори за понатамошна примена на наученото и поттикнување на иновативни земјоделски практики.
Обуката беше наменета за 10-те избрани учеснички во овогодишната програма, жени со визија и капацитет да градат успешни бизниси.




👩🌾 Што всушност претставува програмата EWA?
Empowering Women in Agrifood (EWA) е европска програма која им помага на жените претприемачки во агро-прехранбениот сектор да ги развијат своите иновативни идеи – не само преку финансиска поддршка, туку и преку стручни обуки, менторска поддршка и можности за вмрежување. Програмата е насочена кон жени во рана фаза од претприемничка кариера, обезбедувајќи им пристап до релевантно знаење и контакти кои им се неопходни за развој на одржлив и успешен бизнис.
Локален партнер на програмата е Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) – фондација која активно работи на поттикнување на иновации, трансфер на технологии и унапредување на родовата еднаквост во претприемништвото и истражувањето. Преку своите активности, Фондацијата:
- Истражува и иновира за поддршка на одржлив раст
- Соработува со претпријатија за пристап до глобални пазари
- Промовира еко-иновации и нови деловни можности
- Поттикнува социјална кохезија и инклузивен развој
За првпат оваа година, програмата EWA се спроведува во Македонија токму преку Фондација за Менаџмент и индустриско истражување – чекор напред во поддршката на женското претприемништво и иновативниот агро-прехранбениот сектор.