Успешно одржан вебинар: Жените во науката и безбедноста – лични искуства и патоказ за идните генерации
На 19 септември 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување, во рамки на проектот STREAM IT, успешно го реализираше вебинарот „Жените во науката и безбедноста – лични искуства и патоказ за идните генерации“, како дел од серијалот на вебинари на Националната инспиративна мрежа. Oвој четврти по ред вебинар беше наменет за образовни и истражувачки институции (основно, средно и високо образование), невладини организации, како и за сите девојки и млади жени кои се заинтересирани за кариери во STE(A)M областите.

Главната цел на вебинарот беше да ја прикаже важната улога на жените во науката и безбедноста, да се осветлат предизвиците со кои тие се соочуваат и да се истакнат можностите што им се достапни во Македонија и пошироко.

Теми опфатени на вебинарот:
- Жените во STE(A)M – Анализа на тековната состојба, предизвиците и потенцијалите за развој во овие области
- Добри практики од радијациската безбедност и STE(A)M секторите – Претставување активности што ги мотивираат и охрабруваат девојките и младите жени да се вклучат во науката и технологијата
- Инспиративни приказни и лични искуства – Примери од работа со младите кои послужија како поттик и насока за идните генерации при градењето кариера во науката и безбедноста


Наш гостин беше Билјана Атанасовска од здружението ЕПЛ ТРИ – Здружение за напредок, поддршка и одржлив развој на жени, која преку своето искуство и експертиза пренесе силна порака за охрабрување и поддршка на жените во овие индустрии.


Со овој вебинар уште еднаш се потврди дека вклучувањето на жените во STEAM областите претставува клучен чекор кон градење инклузивно и одржливо општество, како и дека инспиративните примери и лични приказни се најсилниот поттик за сите идни генерации.
Фондација за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост и инклузија во сите сектори и веќе работи на организирање нови активности во насока на остварување на оваа цел.
Доколку го пропуштивте вебинарот, снимката може да ја погледнете на следниот линк: https://youtu.be/ts5H-wdFHEE?si=IGqDUOnr5Kyp0oGM