Match4industry business matchmaking event (1)

Match4Industry 2025– Меѓународен деловен настан за вмрежување

На 19 и 20 ноември 2025 година во Kocaeli Chamber of Industry, Коџаели, Турција, ќе се одржи Match4Industry Business Matchmaking Event, меѓународен настан за вмрежување наменет за македонски компании кои сакаат да воспостават нови деловни контакти, да најдат соработници и да ја прошират својата мрежа на меѓународно ниво.

Match4industry business matchmaking event (1)

Настанот е наменет за компании од:

  • Автомобилска индустрија – индустрија за автоделови
  • Металопреработувачката и машинската индустрија
  • Пластична индустрија
  • Пневматици
  • Хемиска индустрија (автомобилски бои, премази и производи за нега)
  • Градежништво и градежни материјали
  • Енергетика и животна средина
  • Електроника и електротехника
  • Информатички и комуникациски технологии (ИКТ)

Клучните придобивки од учеството на овој настан ги вбројуваат:

  • b2b средби – Можност за деловни билатерални средби со претходно одбрани потенцијални бизнис партнери
  • Пристап до нови пазари – Отворање на вратите кон турскиот пазар и поширокиот преку идентификување на конкретни можности за соработка
  • Меѓународна поддршка – Користење на експертизата и поддршката од глобална мрежа на партнери, достапна пред и за време на настанот
  • Компаниски посети – Увид во оперативните процеси и капацитети на водечките турски компании преку организирани компаниски посети
  • Инспирација за иновации – Размена на искуства и идеи кои можат да генерираат нови производи и решенија, со што ќе ја зајакне вашата конкурентност

Учеството на настанот е бесплатно. Дополнително, за време на настанот, на учесниците им се покриени следните трошоци:

  • Бесплатно сместување за еден учесник по компанија, за три ноќевања (18-21 ноември) Напомена: За да ја искористите оваа погодност, потребно е присуство на двата дена од настанот
  • Организиран превоз за време на настанот, како и превоз од аеродром до хотел и обратно
  • Превод од турски на англиски јазик
  • Кетеринг за време на настан (ручек и пијалаци) и свечена вечера за добредојде на учесницитe

За да го обезбедите вашето учество, неопходно е да се регистрирате најдоцна до 10 ноември 2025 година. Бројот на места е ограничен.

Регистрирајте се на следниот линк: https://www.b2match.com/e/match4industry2025

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!