Untitled design (5)

Успешно одржан вебинар: Добри практики во STE(A)M и идни можности во сајбер безбедноста

На 4 септември 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување го одржа третиот NIH вебинар во рамки на проектот STREAM IT, на тема „Добри практики во STE(A)M и идни можности во сајбер безбедноста“, кој беше наменет за образовни и истражувачки институции, невладини организации, како и за девојки и млади жени заинтересирани за STE(A)M.

1

Вебинарот се фокусираше на предизвиците и можностите за зголемување на учеството на девојките и младите жени во STE(A)M и сајбер безбедноста, истовремено нудејќи практични решенија за создавање на родово инклузивна образовна и професионална средина.

2

Темите кои ги опфати вебинарот беа:

  • Добри практики во STE(A)M и сајбер безбедноста – Примери од секојдневието кои покажуваат како можат да се мотивираат и поддржат девојките и младите жени во овие области
  • Кариерни можности во сајбер безбедноста – Лични искуства и успешни приказни кои демонстрираат потенцијалот за развој и напредок во секторот
  • Надминување на родовиот јаз – Пристапи за справување со предизвиците и креирање поинклузивна средина за младите во STE(A)M
4
5

Гостин говорник на вебинарот беше Љубица Пендароска Крстевска, основчка и претседателка на Women4Cyber North Macedonia, која со своето искуство, практични совети и примери ги инспирираше учесниците да се вклучат активно во сајбер безбедноста и да придонесат кон создавање на еднакви можности во STE(A)M областите.

6
7

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промоција на родовата еднаквост и инклузија и веќе работи на нови активности во насока на остварување на оваа цел.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!