Screenshot 2025 08 07 115641

Успешно одржан вебинар: Важноста на менторството преку поддршка и рушење на родовите предрасуди

На 7 август 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување успешно го одржа вебинарот „Важноста на менторството преку поддршка и рушење на родовите предрасуди“, втор во серијалот на NIH вебинари во рамки на проектот STREAM IT. Овој вебинар беше насочен кон образовни и истражувачки институции, невладини организации и кон сите девојки и млади жени заинтересирани за кариери во STE(A)M областите.

Screenshot 2025 08 07 115641

Вебинарот даде увид во силата на менторството како клучна алатка за личен развој, професионален напредок како и механизам за справување со родовата нееднаквост. Преку споделување на добри практики во образованието, настанот ги истакна начините на кои можеме да градиме поправедно и поинклузивно општество.

Screenshot 2025 08 07 111057

Теми опфатени на вебинарот

  • Менторството како алатка за личен и професионален развој – Значењето на менторската поддршка во градењето на самодоверба, развивањето на вештини и надминување на предизвиците со кои се соочуваат девојките и младите жени.
  • Важност на младинското учество во борба против родовите предрасуди – Спротивставување на родовите стереотипи, како и дискусија за активностите кои ги поттикнуваат младите да бидат дел од промените за општество во кое секој поединец ќе има еднакви можности.
  • Добри практики во образованието – Примери од секојдневието кои послужија како доказ дека со активен пристап за поддршка и мотивирање на девојките, возможни се позитивни промени. 
Screenshot 2025 08 07 113835
Screenshot 2025 08 07 114309
Screenshot 2025 08 07 114803

Гостин говорник на вебинарот беше Теодора Милеска, проектна офицерка во Стела Мрежа, која со своето искуство во активизмот успеа да ги мотивира и охрабри учесници активно да се вклучат во борбата против родовиот бариери.

Исполнет со добри практики, лични искуства и инспиративни примери, вебинарот јасно покажа како менторството и поддршката можат да ги отворат вратите кон безброј можности. Учесниците заминаа мотивирани и охрабрени, со визија за тоа како заеднички може да се надминат родовите бариери во науката и технологијата, градејќи иднина во која талентот и посветеноста се единствените мерила за успех.

Screenshot 2025 08 07 113448
Screenshot 2025 08 07 113517
Screenshot 2025 08 07 115725

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост и инклузија во сите сектори и веќе работи на организирање нови активности во насока на остварување на оваа цел.

Доколку го пропуштивте вебинарот, снимката може да ја погледнете на следниот линк:
https://youtu.be/AxfiFX69Bvs?si=TuqNgu5y0gnBlzXV

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!