Успешно реализиран вебинар Од идеја до сопствен бизнис: Патот на една жена претприемач
На 17 јуни 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување успешно го организираше вебинарот „Од идеја до сопствен бизнис: Патот на една жена претприемач“, наменет за жени од милениумската генерација кои се стремат кон основање на сопствен бизнис во индустрискиот сектор.

Целта на вебинарот беше да ги охрабри и поттикне жените да го направат првиот чекор кон претприемништвото, пренесувајќи силна порака дека успехот е остварлив со јасна визија, стратегија и соодветна поддршка. Преку инспиративни дискусии и практични совети, учесничките имаа можност да се запознаат со предизвиците и можностите што ги носи основањето бизнис во индустриски контекст.

Главни теми на вебинарот:
- Подготвеност за претприемачки чекор: Идентификување на основните потреби при започнување сопствен бизнис како што се финансии, соодветни алатки и инструменти, правна рамка и начини на информирано донесување одлуки
- Моќта на успешните приказни: Реални примери од жени лидери кои успеале да изградат сопствен бизнис, како доказ дека жените можат да бидат двигатели на промени во индустријата
- Системска поддршка и менторство: Се нагласи важноста на менторството, пристапот до информации, финансии и институционална поддршка како основа за стабилен раст и развој на женското претприемништво



На настанот учествуваа експерти од индустријата:
- Габриела Костовска Богоеска, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување
- Пенка Мукаетова, Консалтинг Интер Груп
- Сања Лазаревска, Април22
Учесниците го оценија вебинарот како исклучително корисен, нагласувајќи ја важноста на практичните совети и инспиративните примери презентирани од говорниците.
Фондација за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост и инклузија во сите сектори и веќе работи на организирање нови активности во насока на остварување на оваа цел.

Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.
Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.
Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на: IPRA/MEDEF од Франција, Fundacja Digital Creators од Полска, Confindustria Toscana Servizi од Италија, European Centre For Women And Technology од Норвешка, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување од Македонија.