ko 5287

ТвинТек Talk: Успешно одржан настан за креативност и иновации во ерата на вештачката интелигенција

Во свет полн со брзи одговори, ТвинТек Talk создаде простор за вистински прашања. Прашања за иднината, за можностите, за улогата на човекот во ерата на вештачката интелигенција.

 ko 5110

ТвинТек Talk се одржа на 12 јуни во Кинотека на Македонија и собра професионалци од областа на иновации и технологија, млади претприемачи и претставници од истражувачкиот и деловниот сектор, кои заеднички разменија идеи за иднината на технологијата и улогата на вештачката интелигенција во општеството.

 ko 5204

 ko 5238

Слушнавме три инспиративни и практични говори од врвни говорници кои од различни перспективи ја обработија темата за синергијата помеѓу човекот и вештачката интелигенција.

Моника Ризовска Таневска, директор на Women in Tech Macedonia и ко-основач на Ways2Help, која говореше за вештачката интелигенција како алатка во служба на човештвото, потенцирајќи ја нејзината примена за позитивни општествени промени. Таа ја истакна денешната улога на вештачката интелегенција во решавањето општествени, здравствени и еколошки предизвици.

 ko 5391

Гого Рафајловски, оперативен менаџер во Networker, го истакна интелектуалниот капитал како највредната валута на 21 век. Во своето излагање, тој ја нагласи важноста од заштита и управување со интелектуалната сопственост и иновациите, поставувајќи клучни прашања како: Кој ја поседува креативноста кога човекот и машината создаваат заедно? Неговата порака беше јасна – да ги заштитиме, управуваме и монетизираме овие вредности за да ја искористиме нивната целосна моќ.

 ko 5451

Ирена Јакимова, професионален тренер и коуч, зборуваше за синергијата меѓу човечкиот потенцијал и вештачката интелигенција, истакнувајќи како вештачката интелегенција може да служи како поддршка за личен и професионален развој, но и во кои области не може да нè замени. Ирена ги повика учесниците да бидат храбри – да експериментираат, да создаваат и да веруваат дека токму човековата интуиција ќе ја води технологијата.

 ko 5530

Програмата заврши со неформално вмрежување и коктел, каде учесниците имаа можност да остварат нови контакти и да продискутираат за можностите за соработка.

ТвинТек Talk е дел од пошироката иницијатива на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, со цел креирање долгорочна платформа за учење, инспирација и јакнење на иновацискиот екосистем во Македонија.

Следете ги нашите следни активности на социјалните мрежи Facebook и LinkedIn.

Настанот беше организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во соработка со проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network Macedonia.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!