Baner

Инфо-сесии: Пристап до финансии и успешна апликација за EIC грантови

Доколку сте сопственик на мало или средно претпријатие (МСП), стартап или претприемач со иновативни идеи, овие инфо-сесии ќе ви помогнат да го откриете потенцијалот на програмата Хоризонт Европа и да ги разберете можностите за финансирање преку Европскиот иновациски совет (EIC). Двете сесии се дизајнирани да ви понудат клучни информации и практични совети, без разлика дали сте почетник или веќе имате искуство со програмата.

Baner

Инфо – сесија: „Можности за пристап до финансии за МСП под програмата Хоризонт Европа – Европски иновациски совет“

Оваа прва инфо-сесија е специјално дизајнирана за мали и средни претпријатија (МСП) и претприемачи кои немаат претходно познавање за програмата Хоризонт Европа. Ќе ви овозможи клучни информации за тоа како да пристапите до финансиски средства и да добиете поддршка за вашите иновативни проекти.

1

Сесијата ќе ги покрие основите на програмата Хоризонт Европа, нејзините механизми за финансирање и како функционира Европскиот иновациски совет (EIC). Ќе дознаете кои финансиски инструменти се достапни за МСП, како и видовите грантови и инвестиции што ги нуди EIC, како што се EIC Pathfinder, EIC Акцелератор и EIC Transition.

Покрај тоа, ќе се научите како да проверите дали вашата идеја е соодветна за финансирање и ќе добиете поддршка за подготовка на успешна апликација.

Со учеството на оваа инфо-сесија:

  • Ќе добиете јасен вовед во една од најголемите можности за финансирање во Европа.
  • Ќе разберете кои програми најмногу одговараат на вашите потреби.
  • Ќе добиете практични совети за првите чекори во процесот на аплицирање.

Инфо – сесија: „Европски иновациски совет – Како до успешна апликација“

За разлика од првата, oваа инфо-сесија е наменета за мали и средни претпријатија (МСП) и претприемачи кои веќе се запознаени со програмата Хоризонт Европа и сакаат конкретни насоки за успешно аплицирање за грантови и инвестиции од Европскиот иновациски совет (EIC). 

2

Ќе научите како да подготвите квалитетна и конкурентна апликација, како да ги разберете критериумите за оценување и како да ги прикажете вашите иновации како пазарно-ориентирани и високо-иновативни. Ќе добиете и информации за видовите на финансиска поддршка преку EIC, како EIC Pathfinder, EIC Transition и EIC Accelerator, и како да го изберете вистинскиот инструмент според вашите деловни цели.

Со инспиративни примери од претходни добитници и корисни ресурси и алатки за подготовка, оваа сесија ќе ве подготви за успешна апликација и за зголемување на вашите шанси за добивање финансиска поддршка од EIC.

Што добивате од учеството во оваа сесија: 

• Практични совети за подобрување на вашата апликација и зголемување на шансите за успех.
• Разбирање на процесот на селекција и како да се истакнете во конкурентната средина.
• Избегнување на најчестите грешки во аплицирањето.
• Инспирација од успешни примери на претходни добитници на финансиска поддршка EIC.
• Подготовка за следниот повик за финансирање и зголемување на шансите за добивање на оваа поддршка.

Kate

Предавач:

Катарина Кречева

Експерт во областа на иновациски политики

Поранешно Национално контакт лице за Хоризонт Европа „Европски иновациски совет“ и „Европска иновациска инфраструктура“

Катарина Кречева има деветгодишно работно искуство во развој на програми за финансирање во Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија. Повеќе години работи и како експерт во областа на развој на иновациски политики и приватниот сектор за повеќе проекти финансирани од фондовите на Европската унија и останати билатерални и мултилатерални донатори. Има членувано и во повеќе евалуациски комисии за финансирање на проекти. 

Гости предавачи:

м-р Бети Костадиновска Димитровска, Enterprise Europe Network

м-р Бети Костадиновска Димитровска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, партнер во мрежата Enterprise Europe Network. Има повеќегодишно искуство во работа со меѓународни проекти и советодавна поддршка за пристап до програмите за истражување и иновации на ЕУ. Ќе ја претстави мрежата Enterprise Europe Network и проектот EEN2EIC за поддршка за унапредување на иновациите и бизнисите.

Весна Ојлеска Латкоска, Enterprise Europe Network

Весна Ојлеска Латкоска докторирала на ФЕИТ-УКИМ, Скопје во 2013 година, во областа системско инженерство автоматика и роботика. Како редовен професор на ФЕИТ-УКИМ, таа има богато искуство во истражување, развој и иновации. Вклучена е во повеќе научно-истражувачки проекти и е автор на повеќе од 50 научни трудови. Како дел од EEN, преку EENOMA, од 2011 година, има стекнато големо искуство во процесот на обезбедување услуги поврзани со истражување и иновации, пристап до програмите на ЕУ и финансирање.

Местата се ограничени! За да го резервирате своето место, пријавете се денес со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/ksUASJJVPPuZjdj8A

Оваа активност ја организира Фондација за менаџмент и индустриско истражување во рамки на мрежата Enterprise Europe Network, со поддршка на Министерството за економија и труд.

ΕΕΝ Agenda Obuka Eic 1 Page 0001
ΕΕΝ Agenda Obuka Eic 1 Page 0002
ΕΕΝ Agenda Obuka Eic 2 Page 0001

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!