Објавен повик за грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“
Приоритетни теми
1. Подобрување на условите за развој на претприемништвото
2. Интегрирање на претприемачи од немнозински етнички заедници во програми за поддршка и вмрежување
Вкупен фонд и големина на грант
Грантовата шема има вкупен фонд од 2.882.271 денари, додека пак максималниот износ по поединечен грант е 320.252 денари. Грантовата шема е отворена за граѓански организации, при што во истата ќе бидат вклучени најмалку 18 граѓански организации.
Времетраење на проектите
Предлог-проектите треба да бидат со максимално времетраење од 6 месеци и да се имплементираат во периодот март – август 2017 година.
Критериуми за апликанти
Право на учество на повикот како апликанти имаат граѓански организации кои:
- се регистрирани како здруженија или форми на нивно здружување согласно Законот за здруженија и фондации,
- се основани најмалку две (2) години од датумот на објавување на овој повик, – имаат спроведено активности во областа на младинското претприемништво или економско јакнење на младите лица,
- имаат организациски капацитет,
- се одговорни за подготовка и менаџирање на проектната активност
Апликантот треба да го имплементира предлог-проектот во соработка со најмалку 1 (еден) ко-апликант кој мора да ги исполнува истите критериуми како горенаведените услови за апликантот. Граѓанската организација ко-апликант треба да е активна на полето на унапредување на меѓуетничките односи и/или да обезбедува поддршка на млади претприемачи од етничка заедница различна од онаа што ја адресира апликантот.
Поднесување на апликации
Апликациониот пакет се доставува само по електронски пат на адресата: info@yes.org.mk. Рокот за доставување е 20.01.2017 година. Апликациите испратени после предвидениот рок нема да бидат прифатени.
Инфо денови
Скопје – 13 декември
Тетово – 15 декември
Битола – 19 декември
Штип – 20 декември
Пријава на следниов линк https://goo.gl/SA9Kly
Документи за преземање
Повик за грантови за граѓански организации (целосен текст)
Акциски план на Мрежата за поддршка на младинско претприемништво
Прилог 1 – Образец за пријавување
Прилог 2 – Предлог буџет