ВТОР САМИТ за женско претприемништво- “Инспиративна приказна„ на 17 и 18 ноември во Скопје
Националната платформа за женско претприемништво, на 17 и 18 ноември во Raguza Rootop 360, во Скопје, го најавува Вториот Самит за женско претприемништво со наслов „Инспиративна иднина“ .
Во пресрет на Светскиот ден на женското претприемништво 19 ноември, два дена тимот на Национална платформа за женско претприемништво – НПЖП: Фондација за Менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружение на бизнис жени и Сојуз на стопански комори на Македонија организираат настан, во кој фокусот ќе бидат женското претприемништво, условите, состојбите и инспиративната иднина. Самитот ќе го отворат претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска и претседателка на Здружението на бизнис жени, извршна директорка на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување МИР- Габриела Костовска Богоеска и Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. На отворањето се очекува да присуствуваат претставници на државните институции кои го подржуваат развојот на женското претприемништво.
Во изминатиов период Проектот, во својата втора година од постоење, одржа многу настани, локални Форуми во сите осум Плански региони , заедно со Локалните координаторки, избра и почна активности за млади преку своите Амбасадорки за млади, работеше со Секторската и тематската група на теми Дигитализација и Пристап до Финансии и создаде солидна основа и на национално и на локално ниво, Проектот да заживее и да дава поддршка на жените од светот на бизнисот и оние кои се на почетокот од својот претприемачки пат.
На Вториот Самит , кој ќе почне на 17 ти ноември во 9 и 30 часот, ќе се зборува за Локалните достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво, потоа на вториот Панел ќе се дискутира на „ Меѓународни искуства и успешни приказни за поддршка на женското претприемништво “со гости од странство, а третиот Панел ќе биде наменет за дискусија за “Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени “.
Вториот ден на 18, Тимот на НПЖП, Емилија Андонова, Мими Шушлеска Петкова и Елена Блажевска, ќе се осврне на направеното и тоа што треба да се направи, со изнесување на препораките на Тематската група и давање осврт на она што е реалност. Ќе биде презентиран документот за политики “Жени претприемачи во дигиталниот свет, како да се премости родовиот јаз , кој го изработи проф. др. Ристе Темјановски.
Вториот ден ќе биде посветен во панел дискусијата за Младите и претприемништвото, можност и предизвици, а ќе заврши со две работилници за обезбедување на финансии и финансиски менаџмент.
На Самитот ќе бидат доделени и 5 награди, три од Министерството за економија: најуспешна претприемачка во микро, мали и средни претпријатија а Националната платформа ќе ги додели наградите за Најдобра млада лидерка и за најдобра граѓанска организација -добра практика.
Сите заинтересирани можат да се пријават за присуство на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/1te-dunViubBah7TUuFPDnY7fmI72kH4g-SoYBIMPFaQ/edit
Агендата на Самитот може да ја погледнете на следниот линк