Linkedin 1

Вебинар: Жените во науката и безбедноста – лични искуства и патоказ за идните генерации

Во рамки на проектот STREAM IT, продолжуваме со серијалот на вебинари на Националната инспиративна мрежа, а нашиот следен вебинар го носи насловот Жените во науката и безбедноста – лични искуства и патоказ за идните генерации. Вебинарот е наменет за образовните и истражувачките институции (основно, средно и високо образование), невладините организации, како и за сите девојки и млади жени заинтересирани за STE(A)M областите.

Instagram 1

За време на вебинарот ќе ја разгледаме положбата на жените во STE(A)M областите, како и предизвиците и можностите што им се достапни на во Македонија и пошироко. Ќе бидат презентирани добри практики и примери од радијациската безбедност и STE(A)M областите, со посебен акцент на проекти и активности што ги охрабруваат и мотивираат девојките и жените да се вклучат во овие индустрии. Дополнително, на вебинарот ќе споделиме инспиративни приказни и лични искуства од работа со младите, кои служат како поттик и водич за идните генерации во градењето кариера во науката и безбедноста.

Агенда 19.09.2025 (петок) 11:00 – 12:00 часот

11:00 – 11:15Добредојде и запознавање со проектот STREAM IT – Фондација за менаџмент и индустриско истражување
11:15 – 11:45ЕПЛ ТРИ Здружение за напредок, поддршка и одржлив рaзвој на жени – Билјана Атанасовска
11:45 – 12:00Прашања и одговори и отворена дискусија

Резервирајте го вашето бесплатно место и регистрирајте се на следниот линк: Жените во науката и безбедноста – лични искуства и патоказ за идните генерации

Instagram 2

Проектот ST(R)E(A)M IT има за цел да иницира промени во однос на постојаните родови нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите, со што ќе придонесе за спроведувањето на „Европскиот манифест за родово-инклузивно STE(A)M образование и кариери“. Проектот има за цел да ги надмине бариерите и предизвиците со кои се соочуваат недоволно застапените групи во STEM. Фокусот е на развој на иновативни, родово и диверзитетно инклузивни алатки за едукација на младите, особено на девојчињата. Дополнително, проектот има за цел да ги мобилизира засегнатите страни од различни сектори на STEM образованието и екосистемот за истражување и иновации, за да создаде одржливи мрежи кои ќе обезбедат континуирана поддршка за STEM едукаторите.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!