Вебинар: Жените во дигиталниот свет – инспирација и совети за кариера во STE(A)M
Во рамки на проектот STREAM IT, продолжуваме со серијалот на вебинари на Националната инспиративна мрежа, а нашиот следен вебинар го носи насловот: Жените во дигиталниот свет – инспирација и совети за кариера во STE(A)M. Вебинарот е наменет за образовните и истражувачките институции (основно, средно и високо образование), невладините организации, како и за сите девојки и млади жени заинтересирани за STE(A)M областите и дигиталната индустрија.

За време на вебинарот ќе ги разгледаме положбата на жените во STE(A)M и е-трговијата, вклучувајќи ја тековната состојба, предизвиците и потенцијалите за развој во овие области. Ќе презентираме добри практики и научени лекции од дигиталниот свет, со посебен акцент на активности и проекти што ги охрабруваат и мотивираат девојките да се вклучат и напредуваат во овие индустрии. Дополнително, ќе споделиме инспиративни приказни од успешни жени и тимови во е-трговијата, кои служат како поттик и патоказ за идните генерации за градење кариера во STE(A)M.
Агенда 22.10.2025 (среда) 11:00 – 12:00 часот
| 11:00 – 11:15 | Добредојде и запознавање со проектот STREAM IT – Фондација за менаџмент и индустриско истражување |
| 11:15 – 11:45 | Алијанса за родова еднаквост на работното место (GEA) – Марија Ристовска |
| 11:45 – 12:00 | Прашања, одговори и отворена дискусија |
Резервирајте го вашето бесплатно место и регистрирајте се на следниот линк: Жените во дигиталниот свет – инспирација и совети за кариера во STE(A)M

Проектот ST(R)E(A)M IT има за цел да иницира промени во однос на постојаните родови нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите, со што ќе придонесе за спроведувањето на „Европскиот манифест за родово-инклузивно STE(A)M образование и кариери.“ Проектот има за цел да ги надмине бариерите и предизвиците со кои се соочуваат недоволно застапените групи во STEM. Фокусот е на развој на иновативни, родово и диверзитетно инклузивни алатки за едукација на младите, особено на девојчињата. Дополнително, проектот има за цел да ги мобилизира засегнатите страни од различни сектори на STEM образованието и екосистемот за истражување и иновации, за да создаде одржливи мрежи кои ќе обезбедат континуирана поддршка за STEM едукаторите.
