Empowering Webinar 169 Macedonian

Вебинар: Како до поголема вработливост и напредок на жените во индустријата

Дали сте жена од милениумската генерација која работи во индустрискиот сектор и сакате да ја подобрите вашата самодоверба и да ја унапредите кариерата? Придружете ни се на нашиот вебинар дизајниран за поддршка на вашиот професионален развој, унапредување на вештините и зголемување на можностите за кариера. Експертите на овој вебинар ќе ги презентираат своите искуства за како до зголемување на вработливоста на жените во индустријата и што од искуство како вештини и обуки им треба на девојките/жените и на работодавачите.

3

Агенда:

11:00-11:05 Добредојде и запознавање со проектот EMPOWERING – Габриела Костовска Богоеска, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување

11:05-11:25 Машински факултет УКИМ & Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење – Проф. Д-р Радмил Поленаковиќ

11:25-11:40 ИМЛЕК – Полексена Јанкуловска

11:40-11:55 МОТИВИ – Сања Стојковска

11:55-12:15 Прашања и одговори и отворена дискусија

Резервирајте бесплатно место и регистрирајте се на следниот линк:
Како до поголема вработливост и напредок на жените во индустријата Webinar Registration – Zoom

2


Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.

Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.

Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на:

  • IPRA/MEDEF од Франција
  • Fundacja Digital Creators од Полска
  • Confindustria Toscana Servizi од Италија
  • European Centre For Women And Technology од Норвешка
  • Фондација за Менаџмент и индустриско истражување од Македонија
Empowering Webinar 169 Macedonian