LinkedIn

Вебинар: Емоционална интелигенција и еднаквост во наставата – клучни алатки за поддршка на девојките во STE(A)M

Во рамки на проектот STREAM IT, продолжуваме со серијалот на вебинари на Националната инспиративна мрежа. Нашиот следен вебинар е насловен Емоционална интелигенција и еднаквост во наставата – клучни алатки за поддршка на девојките во STE(A)M, и е наменет за образовните и истражувачките институции (основно, средно и високо образование), невладините организации, како и за сите девојки и млади жени заинтересирани за STE(A)M областите.

Instagram

За време на вебинарот ќе ги разгледаме инклузивната настава, емоционалната интелигенција и методите за активно учење, со цел да ги охрабриме и мотивираме девојките да се вклучат и напредуваат во STE(A)M областите. Ќе дискутираме како наставниците можат да препознаат и надминат родови стереотипи, да креираат училница во која секое дете се чувствува прифатено и поддржано. Дополнително, ќе споделиме инспиративни примери од практиката, како и конкретни наставни стратегии, активности и интервенции кои го зголемуваат активно учество, емпатичната комуникација и развојот на социјално-емоционалните компетенции кај учениците.

Агенда 27.11.2025 (четврток) 11:00 – 12:00 часот

11:00 – 11:15Добредојде и запознавање со проектот STREAM IT – Фондација за менаџмент и индустриско истражување
11:15 – 11:45ИН Асоцијација – Проф. д-р Ѓорѓина Ќимова, редовен професор од област на педагогија и едукатор за личен и емоционален развој
11:45 – 12:00Прашања, одговори и отворена дискусија

Резервирајте го вашето бесплатно место и регистрирајте се на следниот линк: Емоционална интелигенција и еднаквост во наставата – клучни алатки за поддршка на девојките во STE(A)M

Instagram

Проектот ST(R)E(A)M IT има за цел да иницира промени во однос на постојаните родови нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите, со што ќе придонесе за спроведувањето на „Европскиот манифест за родово-инклузивно STE(A)M образование и кариери.“ Проектот има за цел да ги надмине бариерите и предизвиците со кои се соочуваат недоволно застапените групи во STEM. Фокусот е на развој на иновативни, родово и диверзитетно инклузивни алатки за едукација на младите, особено на девојчињата. Дополнително, проектот има за цел да ги мобилизира засегнатите страни од различни сектори на STEM образованието и екосистемот за истражување и иновации, за да создаде одржливи мрежи кои ќе обезбедат континуирана поддршка за STEM едукаторите.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!