Завршна церемонија stem (62)

Успешно заврши STEM Discovery Lab – создадовме идни STEM лидери!

На 23 февруари 2026 година, во просториите на Стартап Клуб Скопје, го заокруживме едно инспиративно и трансформативно патување – финалниот настан на STEM Discovery Lab, со свечено доделување на сертификати на учесничките. Настанот започна со пристигнување и регистрација на учесниците, по што следуваше официјално отворање и воведни обраќања од тимот на STEM Discovery Lab, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Стартап Клуб Скопје.

Завршна церемонија stem (62)

Во делот „STEM Discovery Lab – Патување низ програмата“ се потсетивме на сите работилници, викенд-сесии, менторства и инспиративни моменти кои ја одбележаа програмата. Преку фотографии и кратка презентација ја раскажавме приказната за растот, учењето и соработката.

Особено инспиративен момент беше претставувањето на завршните проекти, каде тимовите ги презентираа проблемите што ги идентификуваа, решенијата што ги развија и знаењето што го стекнаа низ процесот. Свеченото доделување на сертификатите беше симболичен, но моќен момент – признание за вложениот труд, љубопитноста, храброста и посветеноста на секоја учесничка.

Завршна церемонија stem (30)

Настанот продолжи со обраќања и благодарности од менторите, тренерите и организациите-соработници, меѓу кои ФЕИТ, Women in Tech Macedonia и други партнери, со искрена благодарност до сите кои придонесоа кон успехот на програмата.

STEM Discovery Lab уште еднаш покажа дека кога младите девојки добиваат простор, поддршка и вистински ментори – тие создаваат иновативни решенија, размислуваат критички и храбро чекорат кон својата иднина во STEM.

Оваа програма се реализираше во рамки на проектот STREAM IT – Streaming Girls and Women into STEAM Education, Innovation and Research. Благодарност до сите учеснички, ментори, партнери и поддржувачи што беа дел од ова патување.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!