799bff15 4390 4045 a95d 7ef5c3ddd5b8

Успешно реализиран вебинар Од идеја до сопствен бизнис: Патот на една жена претприемач

На 17 јуни 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување успешно го организираше вебинарот „Од идеја до сопствен бизнис: Патот на една жена претприемач“, наменет за жени од милениумската генерација кои се стремат кон основање на сопствен бизнис во индустрискиот сектор.

Од идеја до сопствен бизнис Патот на една жена претприемач

Целта на вебинарот беше да ги охрабри и поттикне жените да го направат првиот чекор кон претприемништвото, пренесувајќи силна порака дека успехот е остварлив со јасна визија, стратегија и соодветна поддршка. Преку инспиративни дискусии и практични совети, учесничките имаа можност да се запознаат со предизвиците и можностите што ги носи основањето бизнис во индустриски контекст.

799bff15 4390 4045 a95d 7ef5c3ddd5b8

Главни теми на вебинарот:

  • Подготвеност за претприемачки чекор: Идентификување на основните потреби при започнување сопствен бизнис како што се финансии, соодветни алатки и инструменти, правна рамка и начини на информирано донесување одлуки
  • Моќта на успешните приказни: Реални примери од жени лидери кои успеале да изградат сопствен бизнис, како доказ дека жените можат да бидат двигатели на промени во индустријата
  • Системска поддршка и менторство: Се нагласи важноста на менторството, пристапот до информации, финансии и институционална поддршка како основа за стабилен раст и развој на женското претприемништво
2
25d3df16 b5d9 4644 8522 f3a5896dcb17
5

На настанот учествуваа експерти од индустријата:

  • Габриела Костовска Богоеска, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување
  • Пенка Мукаетова, Консалтинг Интер Груп 
  • Сања Лазаревска, Април22

Учесниците го оценија вебинарот како исклучително корисен, нагласувајќи ја важноста на практичните совети и инспиративните примери презентирани од говорниците.

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост и инклузија во сите сектори и веќе работи на организирање нови активности во насока на остварување на оваа цел.

3

Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.

Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.

Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на: IPRA/MEDEF од Франција, Fundacja Digital Creators од Полска, Confindustria Toscana Servizi од Италија, European Centre For Women And Technology од Норвешка, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување од Македонија.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!