4

Успешно реализиран вебинар: Лидерство во пракса – откријте го вашиот уникатен стил како жена лидер

На 28 октомври 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување успешно го реализираше вебинарот „Лидерство во пракса – откријте го вашиот уникатен стил како жена лидер“, наменет за жени од милениумската генерација кои сакаат да го развијат својот лидерски потенцијал и да изградат автентичен лидерски пристап во современиот професионален контекст.

4

Целта на вебинарот беше да им помогне на учесничките да го препознаат сопствениот стил на лидерство и да научат како да го прилагодат на различни работни ситуации. Настанот поттикна дискусија за тоа дека лидерството не е универзален концепт, туку динамичен процес што зависи од личноста, контекстот и тимот со кој лидерот соработува.

1

Главни теми на вебинарот:

  • Типови на лидерство: Преглед на различни стилови на лидерство и нивната практична примена во организациски контекст
  • Самоспознавање и развој: Насоки за препознавање на личните силни страни и вредности како основа за развој на автентичен лидерски стил
  • Адаптивно лидерство: Совети за прилагодување на лидерскиот пристап во зависност од ситуацијата, тимската динамика и целите
5

На настанот учестуваше:

  • д-р Стојан Дебарлиев, редовен професор по менаџмент, бизнис планирање и претприемништво на Економскиот факултет при УКИМ 
11

Учесничките го оценија вебинарот како инспиративен и практично корисен, нагласувајќи дека добиле нова перспектива за тоа како личните вредности и комуникацискиот стил влијаат врз начинот на водење и мотивирање на тимови.

8
10

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост и инклузија во сите сектори и веќе работи на организирање нови активности во насока на остварување на оваа цел.

Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.

Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.

Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на:

  • IPRA/MEDEF од Франција
  • Fundacja Digital Creators од Полска
  • Confindustria Toscana Servizi од Италија
  • European Centre For Women And Technology од Норвешка
  • Фондација за менаџмент и индустриско истражување од Македонија

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!